Замолувам некој правник или член кој се интересира за таа област да ми препорача книга/учебник за подобро осознавање на правата на работникот. Благодарам
Дали за да аплицирам на друг факултет морам прво да се отпишам од овој или откако ќе ме примат се отпишувам? На УКИМ се двата.
Можеш да аплицираш, по логика дека можеш на два одеднаш, од кои едниот вондредно би бил. Имам колешка што е на два запишана од УКИМ, па според таа логика одам.
Тогаш тековниов ќе ти е вонреден Ако не сакаш да учиш два паралелно, тогаш мора да се отпишеш од еден.
Трудово право. Можеш да отвориш закон на интернет па да си читаш од таму. Книгите се малку скапи, ги имаш во книжарата во склоп на Правен, или па можеш ако работат покрај кејот оние што продаваат литература на старо да побараш. Евентуално, на пазар3 или реклама5 некој ако продава стара книга. И сега ми текна на крај, дека најпаметно, ако не ти се даваат многу пари да одиш во Мавровка во книжарите ги имаат таму копирани книгите.
Освен во Џамбо, каде можам да најдам вакви сламени подметачи за чинии? Нема во Џамбо веќе, затоа барам друго место
Има ли некој нарачувано гардероба од Shein? Имаат убави парчиња, но не сум сигурна за квалитетот на облеката.
Здраво. Знае ли некој кои се условите за кредит? Притоа сум и жирант, дали би ми одобриле? Имам работен стаж, и висока плата. Ви благодарам.
Работат ли денес моловите? Знам дека за време на полицискиот час во недела не работеа и не сум во тек од тогаш.
Дали при префрлување на поголема сума на пари од родител на дете одданочуваат? Дали треба на нотар некој документ за основ? Фала.