Лани кога плаќав ми наплаќаа 35 денари. А за уплатници по 50 денари. Затоа почнав да си плаќам во Пошта.
35 денари, но доколку имате с-ка во Комерцијална Банка а наместо во кеш се плаќа од сметката директно(треба лична карта и обичната пластична картичка со бр. на с-ка), тогаш провизија не се наплаќа.
Мислам дека доаѓа од паркингот на салата Борис Траковски. Гледам по сториња на инста има некоја журка или не знам што точно е...
Струја без провизија можеш да си платиш на автоматите во Евн пунктовите или електонски на “Мој Евн Хоме”. Парно (ако сте на Бег) можеш, исто така без провизија, да платиш во нивниот пункт спроти Коменски. (знам дека не ти беше ова прашањето, но можеби ќе ти користи)
Да, знам дека во било која може. Ама барам некоја евтина со провизија како Еуростандард, иако и тие си ги покачуваа провизиите во последно време. А најново покачување имаа пред 2 месеца. Ама сепак беа поевтини за разлика од другите банки.
Не работни, вкупно денови. Плус рачунај на можна гужва при самото подигање откако се готови документите. Само еден шалтер работеше. Ние чекавме околу 20 минути што и не е така многу. Велат пред нас имало многу долга редица. Носи си вода ако ожедниш и чадор за сонце и дожд. Но самото поднесување и сликање оди брзо, но мора да имаш закажано термин и во истиот да дојдеш (можеби 5 мин. ќе чекаш д аизлезе тој пред тебе).
Се сликав завршив тоа, но заборавив дали воопшто ми кажаа кога треба да ја земам, затоа прашувам. Инаку исто во Беко се сликав.
На страната на МВР пишува дека ја даваат за 15 работни дена, ама да знаеш дека ја даваат за 10. Јас за толку време ја земав.
Најпаметно е на нивата страна online да платиш. Кај некои треба да се регистрираш а кај некои има опција брзо плаќање, се разбира доколку имаш кредитна/дебитна картица. Нема провизија. Јас откако почна ова со короната се така плаќам.
Сите јавни претпријатија, евн и телеком/а1 имаат сметки во сите банки. Најисолатливо е таму кај шо имаш ти сметка да ги плаќаш од сметка на сметка. Или тоа што можеш онлајн како евн и телеком/а1.