- потврда за финансиската состојба на семејното домаќинство на ученикот, односно неговото потесно семејство, каде да го најдам овој документ? Се јавив во УЈП велат дека не требало да се вади кај нив...ако некој/а знае во најкраток рок нека пише, денеска истекува рокот. (ова е за помошта за училишен прибор на ученици) Ви благодарам
Девојки, некоја од дрогериите/парфимериите Космо, Еликсир, Анабела има опција за купување ваучер за подарок? За ДМ знам дека имаат ама органичена ми е понудата на парфеми.
Дали знаеш дали на автоматите од ЕВН може да се плаќа со кеш? Дека на автоматите од А1/Т мобилен може да се плаќа и во готово и со картичка
За Еликсир имаат, неколку пати сум купувала. За Космо би требало да има, не ми се верува да немаат. За Анабела не знам.
Некој студент дали знае, каде можам да купам корица/футрола за индекс (не знам дали така се вика, за заштита на кориците се става) ?
Да, на такво мислам, ама тие за пасош се помали, имам пробано. Имам видено колегите имаат баш за индекс, дури и индекс пишува на него. Не знам каде на купам, во Просветно дело ги прашав, немале . :/
Во книжарата во склоп на факултетот што ти е, каде што си купила индекс. Мене ми дадоа кога го купував индексот.
Пред пандемијава продаваше еден човек на семафорите кај УКИМ, сега не сум била и не знам дали сѐ уште таму ја држи тезгата. Ама ако се почнува со физичко присуство од октомври сигурно ќе биде таму.