Луѓе знае некој во Vila Lumiere колку се плаќа за двајца да преспијат таму? Ако некој бил нека ми пише лп
Да препорачате човек за изработка на мебел по избор (кујна, плакар и сл..)??? Само да е со реални цени, а не занесени.
Дом дизајн на fb е потпишан, мислам Томислав дека му е името, ако ти е за Ск. Прецизен, коректен, со нормални цени
Побарал ентервал дизајн на инстаграм. Човекот и спална и кујна и за во дневна се ми правеше. Јас сум задоволна од него, а и пристапни цени има.
Има еден човек во центар што рента точаци, мислам дека за цел ден беше 600 денари. Доколку има некоја членка што студира на ФОН нека ми пише ЛП.
Прееска плаќав во банка и покрај моите обврски уплатив и за мајка ми рата за кредит од Нептун, е сега иако ја дадов личната карта на мајка ми таа ме запишала мене како уплатувач и кај цел за дознака стојат некои бројки а на предходните уплатници пишува “уплата на рата за кредит”. Исто не е ни исто банката на примач различни се бројките со досегашните уплатници и кај назив и седиште на примач е различно. Што да правам во ситуацијава?
Шо може да е различно кај примач? Треба да стои нептун доо или како и еа му е називот. Банката нема врска шо е различна, тие претежно имаат сметки во повеќе банки. И кај цел на дознака може стои по шифрарник како е пишано. Иначе кога уплаќаш ти, стои твое име, кога уплаќа мајка ти може нејзино. И нели виде што пишува пред да потпишеш?
Епа не заприметив, инаку не пишува кај примач Нептун туку го пишува на претходните уплатните името на мајка ми. Не е разчична банка туки се работи за НЛБ Банка, секој пат уплаќаме во НЛБ банка, на предходните уплатници има друга сметка нлб банка а на оваа е поразлична сметката.
Ако плаќа друго лице, кај плаќач седи твое име и презиме, а во цел на дознака седи името и презимето на твојата мајка и број на кредит. Е сега ако е како кредит од нептун тоа сигурно иде преку иуте или нлб банка претпоставувам, не се уплаќа на сметка од нептун. провери преку која финансиска институција е кредитот и јави им се во контакт центарот утре после 12 ч дали е евидентирана уплатата. ако не е ќе треба да искорегираш во банка.
Фала ти, ќе се јавам утре. Кај нас кредидот е земен од Нлб, ќе им се јавам утре па да видам, се надевам не направиле грешка.....да не треба да чекам повторно по ова гужвиве