Не, одиш со лична карта во банка, 5-10 минути ќе почекаш да ги средат документите, потпишуваш, ти даваат лист со бројките и завршена работа. Потоа одиш на шалтер со личната карта и си ги земаш парите.
Да, малку се повисочки ама се им е свежо подготвено и фокусирани се на здрава храна. Италијанскиот тост со фета и спанаќ е прекрасен
Живо ме занима што здраво има во потпечен леб со спанаќ и сирење и што е проблемот тоа свежо да се приготви
Каде во Скопје, конкретна продавницаз може да најдам ваков тепих? Синтелон мислам го викаа освен во Бриколаж
Конкретно пишаното се однесуваше за свежите салати и другата храна која се продава и е свежо припремена, а ако живо те занима бујрум повели посети ги. Имај пријатен ден
Мене ми е мастер во мирување, кај мене си е индексот. Ништо не значи индексот, мене ми е полупразен а сите испити ми се положени. Имаш електронско досие
Де бре, толку промовирање му удри на местово, и уште не дознавме колку кошта скапичкиот ама предобар тост Озбилно ме интресира колку кошта мисалата дека „си јадел здраво“.
Искрено со твоето замарање околу мојот јеловник и начин на исхрана ти му удри екстра рекламиче, да сакав така добро да го испромовирам местово немаше да ми успее како на тебе што ти ''успеа''
Имаше продавница за теписи карши Тутунска/ Рамстор, не знам дали постои уште. Друга продавница за теписи метража имаше во МНТ во подрум и уште една во Карпош3 пред мостот за Влае. Информацијава ми е од пред 100 години. Да живее златна книга, ова во Карпош е последното што го знам се вика Шартекс и според златна книга сеуште постои
Мене само ме интересираше колку кошта тостот. Големата тајна апсолутно не ми е гајле за твојот јеловник. Ако знае и некој друг нека каже.
Јас сум редовен студент, и по право ми следи здравствено осигурување. Летово работев каде што бев осигурана, и кога прекинав најверојатно ми се прекинало и здравственото? Кому да се обратам изгледа месец дена седам без здравствено осигурување а сум редовен студент.
Ахам, ме убеди сега дека не ти е гајле за јеловникот, изгледа за парите ти е а? Многу заштитнички се поставуваш кон мене, загрижена за тоа што здраво сум јадела и по која цена, ти благодарам 150 денари е.
Треба да земеш потврда за редовен студент од на факултет, лична карта и да одиш во фонд за здравствено осигурување да поднесеш барање и ќе добиеш здравствено осигурување врз основа на редовен студент. Ако не можеш да земеш во моментов потврда од на факултет, си го земаш изводот на раѓање, лична карта и одиш во фонд за здравствено осигурување да се осигураш врз основа на невработена. Исто е се, само наместо потврда за редовен студент, носиш извод. Третата опција е да се осигураш на еден од родителите, за тоа ќе ти е потребно потврда од кај нив на работа да им дадат и со таа потврда да одиш во фондот. Бидејќи сега почнува нова школска година, ако земеш потврда за редовен студент мислам дека ќе ти важи околу месец, па пак ќе треба да земаш. Ама не сум сигурна за ова.