Ако оди на овој начин, на родителот му треба потврда од факултетот на детето да ја достави на работа. За ова знам, оти јас вака правев.
А ако не оди на факултет детето? Јас колку што знам ако не е редовен студент или не е вработен, до 26 години може да е осигуран на родителот. Пошо инаку со потврдата нели би пошла во фондот дирек, зошто ја носат на работа?
Ама велам дека не оди на факултет детето. Што во тој случај? Јас кога студирав никогаш не ми бараа да однесам потврда за редовен студент на работа кај моите. Ако имав потврда ја носев дирек во фонд. Ако немав потврда, ми даваа од на работа кај моите и бев осигурана на нив.
Абе да се дешава нешто во бирократијата, 3ца да прашаш три различни одговори ќе добиеш. На моите им бараа потврди, секој октомври нова им давав. Ама и ова знам дека ти следува, ако не студираш, само како е регулирано не знам. Поточно сега сфаќам дека не знам зошто сме носеле потврди кај родители. Евентуално ако праќаат они по службена должност или нешто така, да не одиш сам.
Додека бев осигурана преку татко ми, од работа му рекле само ако студирам можам преку него да сум осигурана. Јас земав две потврди....една за на работа кај него, а друга за во ПИОМ. Користев семејна пензија.
Аха, значи изгледа ако студираш, можеш да си осигуран на родител до 26 години. Ако не студираш, како невработено лице после 18.
Така му рекле на татко ми. Право на осигурување и на пензија семејна имаш само ако си студент. Најмногу до 26 години. Законски....до 18 години родителите се должни да се грижат за децата. После тоа само со потврда од факултет.
Ако има некој инфо да ми каже до колку часот работи Скопје ЗОО? На гугл кога пишувам ми излегува до 20:00,а на нивната страна отворив пишува до 18:00.
Да не ви има некој ѕвонето од телефонскиов број +446743553144?? Видов пред малку пропуштен повик на мобилниот
Да предложите хотел со базен во Скопје, ама не прескапо, пак нешто поевтино, солидно? Однапред благодарам
Фала ви на одговорите. Се јавив, ми рекоа од 09-18 часот, доколку му е потребна на некој информација да знае.
И јас имав до пред еден месец повици од рандом странски броеви. +38138658780 +38121658780 Овие два по повикувачкиот број се од Србија, а од Србија не знам никого што би ме барал на мобилен
Кај можам да најдам ваков сет за коктели? Има на алиекспрес и тоа по супер цена, ама не ми се чека. Гледав и на сајтот на конкорд ама имаат само шејкер.
И мене ми требаат за возење велосипед. Вчера прашував во спорисимо и во уште една друга оκолу 1500 ама само уште едно бројче останало. Во неκоја продавница за тренерκи валјда.