Пајак се плаќа од саат или нешто така, а ова како безгрижно е паркирано, има 2000евра да плати па пак проблеми... Не можеш да се зафаќаш пошто вечина се будали, знам од други искуства. Спасот е да се постави онакво метално стубче со клуч.
И ќе ти паркира до ступчето. Ист проблем имам и дома и на работа, само полиција е спасот. Тие нека се расправаат. Инаку пајакот си го олаќа тој, не ти.
Знам дека тој го плаќа ама на висок износ мислиш ќе те остави раат? Или полиција ќе го исплаши? Пак накрај на нас ќе падне маката зошто не сме чалам, сењаци, мафијаши и сл. Ова е све освен правна држава... Онакви високи тенки само се спас, ги давала општината. А да паркира покрај нив не може пошто е фрекфентна тесна улица. Ти како се справуваш?
Се јавувам на 192, кажувам тоа и тоа е проблемот, рег таблички од тие кои ме блокираат и не знам како ама за 10-15 мин е чиста улицата. Ниту проблем сум имала, ниту некој се развикал или нешто, некој ќе се извини и тоа е тоа. Сите знаат дека блокираат нешто и дека се криви и не прават проблеми, јас имам поставено и метални столбови и саксии со цвеќиња и метална табла и пак си паркираат до тоа и е уште полошо.
Имав ставено цигла, си ја тргнале и си паркирале... Комшија имаше лошо искуство (блокиран влез и гаража), свиреше, дојдоа, и почнаа да му се силат, па повикаа и засилување, и накрај комшијава се повлече, сфати со кој си фатил работа. Други налетаа на некој психопат, ги следеше, а доказ за полиција да јаваат немаА... Метален столб фиксен имаш? Или со клуч и го отклучуваш по потреба?
Идиотско прашање, ама..како да пријавам гласни комшии во полиција? Не сум се јавила до сега и не знам што треба да кажам и дали воопшто нешто може да направи полиција за комшии до мене што урлаат, викаат, бапкаат по ѕидови ко мебел да преместуваат и трескаат врата секоја вечер од 11 до 2-3?
Хахха и за ова сме имале мака... Ние не пријавивме туку некој од соседна зграда, ама дечиштава се дрзнаа да ѕвонат и да бараат кој ги пријавил. Накрај скршија влезната и заминаа. Дали ми е утка населбата, ксметот или веќе не знам што
Можеш да пријавиш нарушување на јавниот ред и мир на таа и таа адреса, но не мислам дека долгорочно ќе го решиш проблемот... кога ќе си замине полицијата пак можат да продолжат со урлање.
Фиксни стопбови. Ако си во право, нема потреба да се плашиш. Дури ни најбагабонтите во градот не се силат кога не се во право, ова од искуство. А ако не си во право, односно немаш право на делот јај шо ти паркираат, тогаш не се чепкај. Јас ти зборам дека имам столбови, да, но на катастарски наше место. Не поставуваме ограда зашто ќе ни пречи нам, но столбовите се како во двор да си ги имам ставено. Исто и дуќанот е мој, не е под кирија, со дел дворно место така што мене ако некој ми паркира, тоа е во мој двор и имам право да пријавам. Од деуга страна, блиски мои ставија триаголник со клуч пред дуќан, но на улица, не на нивно место, некој ги пријави и дојде полиција и им наложи да го тргнат. Едно е да ни смета нешто, друго е кој е во право. А денес за се нешто се пријавуваат луѓе.
Бидејќи не знаев кај да го поставам прашањево, па ќе пишам тука. Вчера ми стигна на маил дека некој ми влегол на мојот Инстаграм профил, но пишува само од кој модел на телефон се најавиле и од кој град е. Би сакала да знам, доколку некој знае, како да најдам кој е тој што ми влегол на мојот профил?
Ќе го поставам овде прашањево пошто темава е најактивна, а ми треба итно одговор.. Некое козметичко студио во Скопје да ми препорачате, за нокти ми треба.. Ако имате број или инстаграм, сеедно