Може. Тоа си функционира нормално, одиш таму и те внесуваат во базата. Само поради корона мерките, веќе не одиш да се пријавуваш секој месец/ 6месеци. Се дури трае пандемијата автоматски од таму ќе ти продолжуваат.
Ми треба информација . Имав он лине нарачка направено , после 2 ипол недели јас нарачката ја откажав затоа што роденденот помина и не сакав да ја подигнам нарачката. Вчера бев објавена јавно и буквално линчувана и навредувана дека јас намерно не сум ја подигнала пратката и дека ќе ме тужела таа. Без матичен број мој , само мое име и презиме од ФБ , каде не сум на лични документи со тоа презиме и има адреса моја дали таа може да ме тужи ? Информација некој кој е поупатен во ова ми треба.
Секако дека не може да те тужи. Твое право е дали ќе ја земеш нарачката плус си ја откажала навреме. Јас повеќе од 3 дена не им чекам нарачка освен ако не е нешто што се изработува и ти најавуваат за колку дена ќе биде готово. И на каргото му кажувам не ја земам зашто ми каснеше толку и толку дена и тоа е тоа. Тоа шо некои си се замислуваат богови на трговијата е нивни проблем. Ти можеш да ги тужиш за нарушен углед.
Таа ми кажа од 2 до 5 дена ќе биде доставена . И кажав дека нарачката ќе ја подигне маж ми и дека е за него за роденден. Таа и каргото звонеле на бројот и никој не им кревал , еднаш телефонот зазвоне и мене ме побараа во стил одма кажувај каде живееш , му кажувам адреса и типот ми вика кога ќе бидам во близина ќе те побарам , во меѓу време не ме побараа. Три дена после роденденот се јавуваат од карго и маж ми ја откажува нарачката. Ја прашувам ако си имала проблем зашто приватна порака на Фб не си ми пишала , дека не можете да добиете никој на тој број ќе средевме , таа коментира јас комуницирам само преку контакт телефон , а може да ми пишува на ФБ порака дека ќе ме тужи. Извртува муабети дека таа е во право и јас не сум ја подигнала нарачката. Ме плукаат во коментари као демек јас сум избегала , а јас цел ден коментирав заедно со нив
Бев вработена,пред некој ден ме одјавиле. Што ми треба за да се пријавам во завод? Го имам картончето од претходно,треба пак диплома и уште нешто да се носи?
Tопли вирови, Демир Капија...Беровско езеро...водопадите на Беласица. Смоларе, Колешино, Габрово или водопадите на јужната страна, валандовско...Смрдлива Вода, Кожуф...
Луѓе, дали има некој закон за бучава? На воздушна линија од 15 м (одма спроти мојата зграда), на најгорниот кат - 5ти има денс студио. Јас сум од спроти, исто 5ти кат. Значи скоро секој ден од 7 до 9 навечер тоа не се седи. Зумба имаат, музика трешти, се е отворено и џамови и врати им се орворени, се дери инструкторката цело време а и они. Значи си работел до 5,6 цел ден и не можеш да одмориш после од нив...
Има како не. Закон за заштита од бучава во животната средина. Мислам дека треба да прочиташ ,,Одлука за утврдување во кои случаи и под кои услови се смета дека е нарушен мирот на граѓаните од штетна бучава. " @LadyR
A може за почеток и да пријавиш на полиција за нарушување на јавен ред и мир, би требало да реагираат и опоменат.