Како да знам колку ми е влажноста на воздухот дома? Од кај да купам такво апаратче? Начини на кои вие ја начакувате или намалувате влажност на воздухот?
Карикатура; сет пијалок со чаши, држач, отворач за вино; шах со стаклени фигури; џебен часовник ;за поблизок човек рилекс столица (клацкалица или како и да се вика)
Ако сака книги да чита, таман може колекција книги од автор што му е омилен, таман ќе му се занимација додека е слободен. Може и ваучер за патување на некое мирно планинско место, бања, нешто такво, за со уште еден у пар да иде. И идеите над мене на @IRBBB ми се свиѓаат многу.
Здраво. Си нарачав штикли од интернет. Ама во едната штикла има заглевено нешто како шрафче или некое камче е важно такво нешто, баш како да е намерно ставено во штиклата и сега кога одам се осеќа не знам како културно да го кажам ама се слуша како се мести на другите страни. Има еден човек што лепи обувки и такви ствари па се прашувам дали ќе може некако да го среди тоа, да ја отвори штиклата одоздола и да го извади тоа камчето? Многу ме нервира и навистина не знам што да правам.
Ако добро те сфатив, мислам дека е најбезболно да го извади како капаче едно што е одоздола на штиклата и пак да го намести.
Се залепив на тазе лакирана клупа. Тренеркиве ми се сиви и ми се омилени. Како да го извадам лакот без да ги уништам? Ќе се убијам..
Прво, дигурно е исушен досега, изгреби колку можеш. Со нокти или со тапата страна на ножот. Потиа пробај со средство за флеки. Тие лакови се претежно мрсни, па ако ти се ризикува можеш со средство за чистење мрснотии како арис де грас, но зависно од материјалот на тренерките и компонентите на лакот може да излезе и бојата. И обавезно, што и да ставиш, испери на крај во машина, ако дозволува материјалот на 60 степени.