@СуперДевојка тренерките се сиви и се памучни страв ми е да не ги уништам со толку агресивни средства. Две години ги имам ама коска се, ги пазев ко очите буквално Ќе морам да направам нешто утре. Некој друг да каже како да извадам лак за дрво од памучни тренерки? Женски, фала ви сепак.Ако се премислам и пробам со некој од вашиве методи ќе ви кажам дали било успешно или не
Зависи за што ти треба ама во глобала ништо посебно, имам пишано и поназад. Ако ти е за пеглање, капи, гори раце и остава флеки на нежни материјали зашто капи жешка вода, а за дезинфекција не знам колку е реално ефикасно, ама посигурно е да си пребришеш со средство него со ова зашто малку вода збира, не брка работа за големи површини (под во соба, ходник) и плус ќе се испогориш по рацете и цело време ќе треба да внимаваш на кабелот.
За пеглање ми е, мислев ќе ми врши работа за на брзинка да испегам маици, кошули ама штом капе вода не го бива.
Имате нешто порачувано од АлиЕкспрес во скоро време? Стигаат нарачките? Последно знам дека се жалеа дека им доцнеа нарачките на сите откако почна пандемијата.
Мене ми стигна една пратка за 20 дена, а една чекам веќе 2 ипол месеци. Обично стасуваат за месец дена.
Во дм има едно сапунче за флеки. Јас вадам флеки од нафта и зејтин со тоа. Би требало да ти помогне. Потоа сода бикарбона исто вади флеки.
Здраво, дали имате сретнато вакви часовници некаде во Скопје? Многу ми се допаѓа стилот, но освен на Али немам на др место видено.. ако имате некое инфо би била благодарна да споделите
Дали на некој што се пасивни баратели на работа им има стигнато порака да се пријават во АВРМ? Мене дато за пријавување ми е јануари, а ми стигна порака сега тоа да го направам.
Зошто кога перам бели алишта омекнувачот не мириса? Имам пробано Ленор и Орнел. На бели алишта како да не сум ставила омекнувач. Има ли некој што мириса на бели алишта?
Дали случајно сте биле во Дуки Дасо да ми кажете дали се на попуст ставени летните плетени ташни за на плажа?
@archidigest @vogueliving @modern_homestyle @indoorsgram @home.interior1 @architects_review Ако ти е за барање инспирација, оди на пинтерест.