Здраво, дали некој знае дали ќе почнат со работа од понеделник канцелариите за издавање изводи кај Комерцијална банка што се и не работеа заради пожарот?
Некој графички дизајнер тука? Или било кој што може да помогне. Ми треба мала помош : - Како да направиме слика со резолуција 250x 150px да изгледа квалитетно? Вака не е чиста воопшто, а мора да е таа резолуција (или 160x 160px). Работена е во Canva инаку.
Да. Сега за некој ден треба да оди да се пријави личност што ја познавам. И претходно кога беше во завод чуварот и кажал да оди на датумот што ќе и го пратат во порака за да не ја одјават.
Ако веќе ја имаш како таква, тешко дека можеш да го подобриш квалитетот. Ако го имаш оригиналот и доколку се одлучиш повторно да ја едитираш, внимавај на крајот да ја зачуваш со најдобар квалитет, има обично опција да бираш. А на оваа, пробај да ја заостриш, можеби малку подобро ќе изгледа.
Оваа е оригиналот ама можам и да ја преработам. Баш внимавав и ја зачував со највисок квалитет ама пак е исто. Изгледа дека е "детална", има повеќе елементи и бои Фала ти, кога ќе праќам, ќе ја пратам и оригиналната во таа резолуција а и поквалитетна верзија, со поголема резолуција.
И јас не знам, никој не се ни јавува на телефон. А утре треба да одам, да знам да не ми е за џабе одењето.
Можеби е до самиот програм што им го уништува квалитетот. Можеш да пробаш и на некој друг, само за споредба.
Апартмани во Маврово? Со нормални цени до 100евра за две ноќи Доколку имате контакти од некои вили или препораки И некој ако има што престојувал во вила Јана, како е задоволен и како се движат цените
Каде да најдам батерија за вага за мерење телесна тежина? Ми треба од оние големите, округли. Веќе два пати купувам од Зелено пазарче но издржува само една-две недели и толку. Претходно онаа што ја добив заедно со вагата ја користев скоро цела година што има логика затоа што сепак не се мерам секој ден по 100 пати, дали 2-3 пати неделно и толку.