Како сообраќајните не важат? Си помешала со книшката за казнени поени изгледа Сообраќајна дозвола се дава при регистрација, во неа се запишани податоците за возилото и сопственикот.
Дали некоја знае кои се подобрите преведувачки бироа во Скопје, а воедно и со повеќе вработени....нека ми пише лп
Девојки дали знаете колку време "важат" часовите земени за возачка? Јас пред неколку години ги извозев часовите, полагав тестови, паднав и ги баталив па ме интересира дали важат или одново ќе треба да земам часови.
Дали можеби знаете дали даваат надомест за стажирање? Јас како физиотерапевт со тригодишни студии треба да стажирам 10 месеци за да добијам шанса да го полагам државниот испит и да се стекнам со лиценца за работа како физиотерапевт. Знам дека до пред некоја година не даваа никаков надомест за стажирање но се спомнуваа наводни промени во законот па ме интерсира дали истите се случиле.