Дали во АВРМ имаат увид во тоа дали сте студент или не? Осигурана сум сама како невработено лице, не сум преку родител. И дали ако имам студирано, иако сега немам семестар запишан, не се водам ко редовен студент може да се запишам како пасивен барател на работа со средно?
Во АВРМ сам носиш диплома од завршен степен на образование и како таков се водиш дури не однесеш друга диплома. Пример јас, кога се пријавив прв пат немав земено диплома од средно и се водев со основно, па потоа директно однесов диплома од факултет и ми променија статус.
Јас однесов, ама таа не сакаше да ме пријави како пасивен. Ми рече само ќе те внесам во системот, а за да бидеш активен или пасивен ти треба исписница од факултет? Мислам дека само ме исполажа, и дека врска си нема ова али ај. Сеа треба да идам пак да се влечам до таму за џабе. Ми иде да ја задавам.
Законски да, како вонреден студент со документи може да те пријави со средно, на друг начин мислам дека не. Не го спомнувај факултетот, пријавена си и онака со средно. А тоа што ти рекла за активен/пасивен нема врска, и со средно можеш да бидеш активен барател. Со ситуацијава мислам дека на шалтерите што се од влез лево вршат пријавување (таму ми направија корекција скоро), па можеби таму и ќе ти завршат работа.
Кај нас сестрите нарачуваа од овде. https://medicinskiuniformi.com/ Мислам и попуст нешто добија пошто земаа 20тина комплети.
Како ти запираат на пристигнати пари провизија? 5 години сум на НЛБ за пристигнати пари не ми запреле провизија. Инаку за уплаќање Стопанска поефтини се.
здраво сакам да прикачам слика на ѕид но без да бушам и слично, па сакав да ве прашам дали некој знае некоја направе нешто што може да се залепи за ѕид па на тоа да се прикаче сликата? фала многу поздрав
ако имаш сметка во NLB стави си пари на сметка и кога плакаш нека ти ги повлечат од сметка така земаат провизија околу 20 ден и помалце
Имаше некои како пластелини или нешто слично на тоа. Провери во Џамбо да не има. Не ми текнува баш точно каде ги гледав.
Да прашам доколку некој има нарачано нешто од skinaholics.mk, за колку време да очекувам да стигнат производите (во друг град, не во Скопје)?
Пиев аналгин за глава накај 14:00 ч.мислам да беше,сега ми дојде менструацијата дали може да се напијам кетопрофен или несмеам а ме боли стомак?