Дали во викендот без ддв спаѓа и купувањето телефони? За лаптопи прочитав ама за телефони не видов дали важи.
Ја има и на македонски, издадена е од Табернакул, а книжарата нивна се затвори уште пред неколку години. Не ми се верува дека ќе ја најдеш некаде на продажба, освен во библиотеката на Медицински факултет да ја зајмиш.
Некои работат од 09-13ч, знам пошо мајка ми често си завршува работа во сабота. Провери на нивната страна, мора да пишува поединечно.
Намачкај ги со масло па со малку брашно и вишокот брашно истреси го. Потоа ставај од смесата. А ако правиш благи мафини можеш да ставиш масло па просеано какао за да бидат почоколадни. Е подоцна од маслото ќе треба убаво да го измиеш тавчето, за разлика од тоа да користиш хартиени корпички. Ама мене ми се поубави(поготово солените мафини) вака со масло одоздола.