Не знаев каде да прашам, па ајде овде. Некој што користи Дуолинго дали знае што се случи и зошто нема повеќе прекршоци на претходните лекции, па нели кога ќе ги поминевме пак добивавме срце плус. Дали е некој нов апдејт или само кај мене ги нема веќе?
Треба да уплатам голема сума во банка но преку трансакциска, дали би можела да го направам тоа преку картичката купувам домашно бидејќи ја немам другата при рака?
Каде во Скопје можам да најдам продавница за кожни јакни? Макар и моторџиски да се. Се превртов и нема. Ептен ситуацијава зезна инаку тука е Солун.
Здраво. Сакам да прашам дали некој знае од каде можам да нарачам текстил по набавни цени дали од тука кај нас или блискиве држави до Турција? Поради короната некои магацини се затворени
Види на странава има во боја кактуси https://m.facebook.com/Dekoraciska-kuka-Rose-unikatni-podaroci-237744706767462/?__tn__=C-R
Не знам дали има во пет шопот Фауна. Ако нема, прашај го дечкото што работи таму (Борис) ќе ти каже со сигурност
На 15ти септември направив нарачка на iherb, уште не ми е стигната, денес бев и до пошта. Колку време и треба да стигне, знае некој?
Каде можам да купам професионални ножици за шишање коса, ама со нормални цени. Не мора да се којзнае каков модел или марка, не ми требат за во салон, сакам да пробам дома сама да си ја кратам косата . Дома имам најобични, ја имам кратено со такви ама приметувам дека од нив косата како да ми се кине отпосле, најверојатно лош квалитет и не им е намената секако за шишање
@anggell и @eliesaab да проверите на алиекспрес. Има за пристапни цени и ножици и цела фризерска опрема. Јас исто дома се шишам ама со обични ножици ги острам прво. Стигнуваат сигурно не е веќе стопирано.
Немам време да барам посоодветна тема. Ве молам ако знае некој да ми одговори. Сакам да уплатам поголема сума на пари на картичка, но не на моја туку на друго лице. Не му знам никакви информации, само име и презиме. Ќе има некој данок на парите, ќе можам само со познато име и презиме да му уплатам пари?