Од каде можам да најдам книга на англиски? Поточно ја сакам Looking for Alaska од John Green ама несакам глупави преводи на македонски, пошто книгиве ја губат смислата со секој превод. Ако има некаде каде што можам да ја купам во Скопјево, уште поубаво.
Види во British Council (карши основен Суд Скопје) или The English Centre (кај полициската станица Беко).
Јас имам потполно иста, ама не можам да се сетеам точно од кај ми е, ама знам дека е од Македонија, ја даваа гратис со нескафе купено мислам во голема конзерва ако не се лажам. А можеш да најдеш по пазариве кај што продаваат пластика како што ти рекле.
Витамин Б6, витамин Ц, парацетамол, и многу вода, и најади се нешто мрсно(колбаси, бургер,јајца) ако можеш да јадеш де, ако ти се лоши - назад на спиење.
^Се што ти кажаа Дволичен плус мани еден туш и можеш и едно кафе да се напиеш покрај другите работи и да си легнеш, па ко ќе станеш како нов ќе бидеш
Абе дечки, според кои можности може да се работи и да се студира паралелно ? Зашто коа барав работа летово, коа ке им кажев дека сум студент ме одбиваа, а не ми е јасно другите како работат ? А по закон нели газдиве бараат да ги пријават вработените ??? Ај ако може некоја да ми објасни .
Зависи каква работа си барала и дали одговарала на твоето досега завршено образование. За можење, може и сосема нормално ќе бидеш пријавена како вработена иако си студент. Само сето тоа како што кажа ocila зависи и од газдата, дали му одговара студент да му работи зошто си имаш други обврски. Нели сеуште одиш на факултет, учиш, полагаш...а ако работиш нема да ти толерираат отсуство, може да треба работа во смени или па има фиксна смена (на пр. прва смена, а ти сабајле треба да одиш и на факс). Некои студенти за да работат се префрлуваат како вонредни за да немаат обврски со појавување на факултет и да можат да работат. Ако си барала работа само за сезонски преку летото, не би требало да е пречка да работиш работа во некој кафиќ или нешто слично додека немаш други обврски... На крај како и да е, се зависи од волјата на тој што одлучува кој ќе примат на работа (газда, шеф и сл.).
Сакам дел од омилената песна да ставам за да ми звони телефонот, дали има некоја програма каде што можам да ја скратам песната
Да побараше поназад во темава пред неколку дена истото го имаа прашано и имаше одговор. Пробај на http://mp3cut.net/