Може некој да ми каже како најефтино можам да стигнам од Скопје до Матка?! Читав и гледав слики и изгледа прекрасно. Во вторник правиме две години врска со дечко ми и би сакала по тој повод (не мора да биде вторник, нека биде наредната сабота) да го посетиме пределов. Има некоја туристичка агенција што нуди превоз или автобуси што секојдневно одат до таму и се враќаат? Што конкретно има таму да се види? Ако знае некој, чекам одговор.
Можеш од Транспортен центар - автобуската да фатиш автобус број 60 , на страната на ЈСП ќе видиш во кое време го има во приградски линии, тој оди до Матка. Потоа малку ке попешачите за до ресторанот ако сакате
Со автобус, ама малку ќе ви биде мрцварење и секако авантура, иако признавам е најевтината варијанта Со такси искача околу 300 денари, од центар. Нас ни земаа последен пат кога бевме 280 од Капиштец од Беверли. Ако делите трошок не е страшно до толку. Само пази да викнете некоја од поевтиниве такси компании кои даваат попуст Конкретно за гледање - природата! Сосема е доволно. И ресторанчето е прекрасно, да седнете барем на кафенце, пијачка, што и да е. И ако можам да ти препорачам, поубаво е преку недела да се оди. Нема толку луѓе, жива уживанција е. Ќе ви биде убаво во секој случај, so go for it!
Каде да најдам капи шарени за роденден? може да пишува и хепи брдеј ,и не мора...Немора да се сите исти ,шарени различни,само две ете посебни зашто е за 2 славенички.Стварно ми е итно за утре од каде да најдам? Итноооо
Ми требаат закачалки за капути,јакни кошули..ама баш онака многу.Каде има најевтини,и што одат повеке.
Имаш на Плазма, имаш и на Краш, Плазмата можеш да ги најдеш секаде, а Крашот сигурно во Краш на ул. Македонија.
Како се вадат медицинки од уво со одвртување на гвинтчето или со тегнење на гвинтчето? Јас пробав и така и така и тешко оди, не се вади.
Каде во Македонија се врши откуп на скапоцени камења или дали познавате трговци кои се занимаваат со откуп на камења?
Некој што знае математика нека ми пише ЛП. Не е тешко за 7 - деветолетка е. Не знам дали ја погодив темата, ама доброволците нека се јават во ЛП.
Кај грчка амбасада, еден Деко откупува, нема шанси да го утнеш, ептен гледа кон влезот на грчка амбасада а е во зградата на Порта Буњаковец, пази многу е префриган и знае да зеза. Мислам дека и во Рамстор има тезга ама не сум сигурна