Зошто на банкомат ми покажува состојба на сметка една сума, а расположливи средства помалку за -1000денари?
Дали сметате дека 30/1 Мбпс интернет брзина е океj за гледање филмови? Треба да потпишувам дог па се мислам дали 30/1 или 50/3 Мбпс. Фала.
Што би купиле како поклон за новороденче? Мислам дека нема потреба од бодиња, пижамки и слично, сакам нешто уникатно што навистина ќе им служи.
Гашти, ракавици, чорапи, она за врат што се врзува лигалче како се вика незнам, капа, јакна, козметика. Лажичка, тајнирче, цуцли.
На инстаграм имаше страна што изработуваа ѕвончиња за на велосипед т.е ги цртаа по желба. Ако некој се сретнал пратете ми ја страната, никако не можам да се сетам на името
Ако ти се блиски, прашај што им треба, нели зависи и колкава сума можеш да одвоиш. Евентуално купи нешто за кога ќе е поголемко.
Играчка за на количка, играчки што се вртат со музика за над креветче, бебефон, прожектор со светло и музика, рамка со материјал како глина за да направат отисок на дланче и стапалче на бебето, подлога за лежење со играчки... Се ова имаш во Локо Кроко и слични бебешки продавници. Отиди во некоја од нив и ќе најдеш нешто интересно сигурно.
За новороденче,најпогодни се облека и злато. Ако нејќеш тоа,тогаш лигавче,ќебенце,пешкирче или бањарка. Или играчка што ќе може да ја користи понатаму.
Хаха добро сега нема да му треба ама знам јас имам добиено златна белегзија од кога сум била бебе( се разбира голема) и до ден денес си ја носам, многу драг подарок ми е, затоа и ми дојде прво на памет злато.
Колку се наплаќа еврото? Ми требаат 26евра, треба да дадам 1587 и плус 61 ден или? Не сум купувала до сега евра и не се разбирам баш, ако може некој да ми каже, како иде тоа, би ви била благодарна...
Ова е за облека и жив ужас, нема да кажам за кој бутик се работи, реков ќе поминам ќе земам јас штом не испраќате по карго, човеков ѕвони ли ѕвони , ајде од бројот на бутикот, уште ми ѕвони од друг број претпоставувам негов , го блокирав од секаде, не ми се верува што све постои, јас па се чудам зашто не враќа на инстаграм и фб, бројот било работата, ми се одмили онлине купување од сега дефинитивно, уште адреда да дадев, капак, фала богу што не дадов
Види колку е продажна вредност на еврото, мислам дека е околу 61.5 мкд 26€ х 61.5 = 1599 мкд. Одприлика толку ќе треба да дадеш.
Дали работи втора смена Управата за водење матични книги? На нивната страна има инфо дека работат, но не знам дали навреме ги ажурираат податоците.