Знае ли некој како да ги поправам сијаличкиве? Ќерка ми скина едно од жициве и сега ми е страв да ги пробам дали работат, ваљда треба со изолир да ја замотам таа што е скината или? Help!
Никако, ајде од страна да те стегаат па да ги прошириш, ама цел калап да шириш за број плус малце тешко.
Со изолир ја намотај, да се спојат жичките на скинатото место. Само внимавај штом се веќе дефект кога не сте дома не ги оставај да светат, јас и здрави сијалички не оставам да светат кога не сме дома, посебно па ако се на завеса закачени.
Некој има ли со искуство со вадење на извод на родени по електронски пат, сега да е од скоро? Само што аплицирав, па ме интересира за колку време би бил готов? Ми треба најдоцна до 4-ти, ќе го изработат ли дотогаш? Ви благодарам однапред
Пред 2-3 месеци вадев електронски. Истата вечер ми стигна маил дека е готов, сега не знам дали е уште така.
Јас поднесов пред 3 дена и истиот ден ми стигна маил дека барањето е обработено и дека може да се подигне.
Ви благодарам на сите. За 10 минути ми стигна мејл дека изводот е обработен и дека може да си го подигнам. Чудо
Од шо може да ми се вакви ноктите луѓе? Болест неам никаква, дали е можно од ацетон и од што ги лакирам на два дена? ставам од тој за зацврстување пак Иначе уште едно прашање: Мајка ми од Тинекс ми имаше купено еден малечок сет за нокти средување внатре сѐ имаше (ножички, ноктарица, онакво за буткање кутикули итн) и го изгубив изгледа сум го фрлила, кај да купам такво само да не е Џамбо? ептен ми вршеше работа а ноктиве сега ми се хаос