Дали некој го користел она прашокот за депилација Лидера? Дали повеќе трае од обична крема за депилација?
Мене ми интересира дали има некое новогодишно пакетче кое што внатре е полно само со чоколади ?! Во мое време знам дека имаше, а сега одамна немам купувано па затоа прашувам.
Од кај можам да купам честитки што свират кога ќе ги отвориш? Не сум видела од дете кога бев, не знам ни дали постојат уште.
Постојат, би требало да има во книжарнициве и Џамбо. Обични сигурно има, ама мислам дека би требало да има и музички. Последниве години гледав и на плоштад и по улица Македонија тезги, на кои имаше баш такви музички. Секоја година новогодишните честитки сѐ повеќе ги нема, сега нема шанси да најдеш како порано честитки по 2 или 5 денари. Сите се по минимум 50 денари, a и тие ги снемува. Што е навистина жално
Во КАМ видов дека се продава крпа од еленска кожа, но на кутијата пишува дека е за автомобил и површини за во кујна. Дали може да се користи оваа крпа за бришење на наочари и дали знаете низ оптикиве дали може да се купи ваква крпа или микрофибер крпа ?
Ако ја одржуваш чиста може наочари. Ама најдобро во оптика земи си крпче. Најчесто и гратис го даваат со купени наочари или ќе те чини нешто ситно.
Пред 1 недела добив поклон од другарка од бершка блузичка ама ми го утнала бројчето. Сметката ја изгубила, многу ми е криво... Дали има шанса да ми ја заменат/вратат без истата, што мислите?
Здраво Сакам да прашам дали некој патувал(летал) за шведска за време на пандемијава и дали е потребен PCR тест ?
Каква декорација имате на клуб масата во дневна? И каде би можела да купам убаво вештачко цвеќе за неа?