Здраво. Не знам каде да го поставам прашањето па реков ајде во оваа тема. Следам онлине настава и прво сакав да ја следам од лаптоп. Но ништо не ме слушаја. Всушност микрофонот работи на сите други апликации освен на Microsoft teams. Пробав и со слушалки пак истото. Во што може да е проблемот?
Јас не користам Microsoft Teams, но исто така следам online настава. По моја претпоставка можно е да не и имаш дозволено на апликацијата да го користи микрофонот. Нешто вака имаше и на Zoom. Провери во settings.
Да, ако имаш фискална, ако не е пројден еден месец од кога е земено, ако е здраво парчето и може да се замени само во истата продавница каде што е купено.
Земав ST Smart TV 50" со вграден Wi-Fi и супер задоволен сум. Цената беше скоро иста со Fuego- то, овој беше и за нијанса поефтин ама го одбрав затоа што немаше Фуего на лагер.
Катастрофа. Фуего е марка на тие што ги продаваат. Во случајов Сетек, Нептун или Техномаркет, некој од овие. Се склопуваат во Кина и продавницата кај нас што порачува си ги брендира. Истото е и за ST брендот. Тоа е бренд на Сетек. Си ги носат од Кина, а пред да им ги донесат им кажуваат на кинезите да им ги брендираат по нивна желба (на Сетек). Ете видете дали на интернет ќе најдете информации за тие брендови.
Здраво , незнам дали прашањево е за тука но ми требаат совети и мислења кое е најдобро неможам да се одлучам