Less is more според мене, и мене најмногу ми се допаѓаат тие. Тие на 1 слика малку ќе ти соберат, како на 2 слика имав порано, воопшто не ми беа згодни.
Ти благодарам❤️ И сакам да прашам каде би можела да најдам некои интересни столици или нешто слично и масички мали како за читање книга или па може две помали столици со масичка ..
По салоните за мебел гледав преубави фотељи, си пукнав од мака што немам место да си направам такво катче за читање.
Јас сум за второто или за третото. Сепак се многу различни, за нијанса повеќе ми се допаѓа второто како дизајн, но третото е попрактично.
Елката повеќе се поврзува со Божиќ, всушност нели на англиски се вика и крисмас три. Затоа воглавно муслиманите не китат елка. Можеби има исклучоци, јас сите што ги познавам не китат
Дали некој има правено он лине нарачки од страната на pull and bear и ако да како неможам да се снајдам...
Некои не зошто нема таква поврзаност со Божиќ. Но, повеќето китат, особено ако имаат деца ете чисто заради мерак, декорација. Јас на пример на работа секоја година китам елка и ставам некои такви новогодишни декорации. Додека растев моите секоја година китеа и мене мерак да ми направат, а и убаво изгледаше. И околу мене 90% китат.
Јас правев пред неколку години за татко ми (може има 4,5години) Урамена убаво во боја,малку поголема од А4 формат 3000ден беше Незнам дали се сеуште истите цени Во Рамстор доле на приземје на влезот
Дечки, имате ли предлог за страна која врши испорачки до дома на подароци (во Скопје), наредна недела и е роденден на мајка ми и сакам да и порачам нешто и да ја изненадам. Само не би дала неколку илјади за кутија ружи (ова го имам видено), порадо ќе и испратам цвеќе во саксија. Баш било каков предлог е добредојден, тенк ју ин адвенс.
Можеш и со Карго Експрес да и доставиш подарок. Украси го убаво и дај го во каргото или ако сакаш за побрзо, тогаш со Urban Delivery Service кои носат пратки со велосипеди и мотори.
Ако добро те разбрав, за ова проблемот е што не сум во Мк па не можам да склопам нешто сама за жал. Или можам, ама ДХЛ има да ме изгори. Ама фала ти како и да е!