Каде можам да купам убав тефтер со спирала (не роковник/агенда)? Во Џамбо не најдов нешто што ми одговара. Фала
Во Литература да провериш. Последен пат каде што видов тефтери со спирали беше таму. Големата продавница им е во Сити Мол на втор кат, а има и во ГТЦ на почетокот кај семкарата и на ул. Македонија до Микел.
Дали некој има искуство со достава од paket.mk? Бидејќи сум во изолација, сакам да нарачам новогоднишно пакетче како изненадување да биде доставено до дома. Добредојдени се и други предлози освен paket.mk. Ви благодарам!
Здраво Ве молам кој од.вас работи во салон за мебел, во било кој низ Скопје нека ми пише, имам неколку прашања ♡ Добра ноќ
Феминки сакам крвна слика да направам. Онака, не сум направила одамна, може сега? Незнам до кога ке трае пандемијава а сакам да го проверам железото
Во Стружанка имаш добри, но не сум сигурна дали таму можеш да најдеш баш иста ваква. Јас купив од таму слична со тоа што внатрешниот дел исто така е црн, не се лоши, океј ми се.
Како оди постапката со праќање нешто по карго? Прв пат треба нешто да пратам, и ко што сум анксиозна паничам уште од сега, и би била многу благодарна ако некој ми објасни Дали таму кај нив ги пакуваат во тие ко ќеси во кои што вообичаено ги добиваме пратките?
Јас 4 пати направив од кога е почната пандемијава. Ти советувам во Авицена да извадиш. Најточни резултати.
Не, ти треба да си ја спакуваш во ќеса (обична може, само убаво залепи ја за да не испадне содржината) и на ќесата залепи едно ливче со податоците за примачот (име, број, град). Таму ќе те прашаат дали и колку треба откуп да плати примачот (ако продаваш нешто тука треба да наведеш колку треба да плати другата страна за да може да го подигне пакетот) и толку Јас имам прашање: Каде да најдам високи свеќи во боја (не црковни и не од Џамбо, таму само златни и црвени има)
Сама си го пакуваш како сакаш. Они го даваат како што ќе им го однесеш. Не ги препакуваат, а и не се грижат многу. Јас телевизор прарив по карго, незаштитен, не знаев дрка нема да го заштитат во каргото од удари и кога го зема човекот беше со скршен екран. Па вината си ја сносив јас, бидејќи не го заштитив ос удари кога му го испратив, му ги вратив парите веднаш и телевизорот од 400 евра си го продадов за делови за 50 евра. И од тогаш ги пакувам убаво сите производи што ги праќам со карго.
би сакала да прашам доколку некој знае, дали пошта има нешто како брза пратка во странство? зошто дхл ми е скапо, не мора така одма да стигне за ден два, ама барем побрзо од време за обична пратка
ама мислам дека разликата од препорачана и обична не е во брзината туку во издавање ко на едно бројче.. само не сум сигурна во ова
Јас мислам дека препорачана стога и побрзо. Не како дхл ама сепак побрзо од обична. Сепак, прашај си во пошта.