Види на Групер или Купинапопуст. Секогаш од таму нарачувам. И поефтино ќе поминеш. Само гледај сликата да е со добра резолуција, пошо ќе имаш гадни пиксели и нема да ја личи.
Да прашам имате информација Кит Го маркетот во Неготино и во Кавадарци дали работи во недела и ако работи до колку часот е. Фала ви многу
Дали доколку ми префрлат пари од германска сметка на мојата сметка во Македонија како поклон, околу 400-500 евра, би платила данок на државата и како оди таа процедура? Ако прашањето не е за тука нека биди префрлено, не знаев каде да пишам.
нели тој документ не треба да е постар од 6 месеци.... Е сега на истото работно место порано до кај 2012-2013та ми бараа а од тогаш наваму не.... да, се работи за државна администрација каде сум со договор на определено и се пријавувам секоја година.
Четвртиов пакет мерки, важи за тие што ги добивме тие 3000 денари? Пошо ја тие ги добив, а сега ме нема во списокот? Плус ми покажува (коа сакав да поднесам приговор) дека некој поднел барање со МОЈОТ матичен број. А ја не поднесов?
Ако претходниот пат си земала 3000 денари, овој пат не те следува, туку само тие што не земале тогаш односно биле испуштени.
во кој случај можам да си земам боледување од некој ден до макс 7 дена? И дали ако се работи за психолошка раздразнетост или било што друго освен нели физичка болест имам право на боледување? Ако одам на испитувања во приватна клиника тоа е без упат... смее ли претпоставен да ми бара докази каде сум била и што сум лечела? На кратко сакам да земам 3-5 дена боледување да завршам со сите испитувања бидејќи морам до крај на овој менструален циклус односно до крај на овој месец? Дали да му наговестам пред време дека има шанси да земам или да чекам до крај да бидам сигурна па да кажам ама се плашам ќе рече еве планирала па сеа измислува демек ќе оди по лекари а она си поврзува празници... нели така е кај нас. Се плашам да нема некакви реперкусии ама од друга страна здравјето ми е најважно
https://astor.mk/product/бела-елка-60cm/ еве овде можеш да најдеш,само забележав дека до денес трае оваа цена
Јас колку што знам боледување дава матичниот доктор. После за продолжување се оди кај специјалист за да одобри. Документот за боледувањето му се дава на работодавачот. Во документот си пишува од кога до кога си на боледување и дијагнозата, од односно причината поради која користиш боледување. Однапред не се известува работодавачот. Зашто ако поубаво размислиш никој однапред не знае дека нешто ќе му се случи, па дека ќе оди на лекар и дека матичниот доктор ќе му отвори боледување. Зошто не земеш денови од одмор? Вака со боледување ќе ти се скрати од плата.