Зошто да не може. Јас со уплатница од Евростандард имам уплаќано ТТК банка. Треба да е правилно пополнета уплатницата, што е важно кој ја испечатил.
Би требало да ја прими секоја банка. Ако ти одговара уплати во ТТК банка бо близина на Посветно Дело.
Ми треба инфо, дали уште може да се подигаат готови лични документи од МТВ после 16 часот? Порано знам дека можеше, мислам до 8 навечер дека работеа, ама сега со коронава да не работат само една смена?
Знае некој што се случува со пратките од Велика Британија моментално со ситуацијава? Ги суспендираат ли?
Мајка ми од Беко ја зимаше личната карта пред некој ден после 18 часот. Ако имаат исто работно време, би требало и во МТВ да работат.
Отприлика како се движат цените во Скопје за лаптоп? (со оглед на ова онлајн учење сигурно се поскапи, но ми треба за споредба). Доколку некој/а бил/а во скоро време ако може да ме извести. Фала.
Отприлика колку би ме чинело по карго да пратам кутија колачиња во друг град. Немам никакво искуство со карго, па ако може некој да ми објасни.
100-150 ден зависи со кое карго ќе пушташ. Пошто е пипава работа, јас би ти ги препорачала Фалкон, за кршливи работи се педантни. Исто и од Еко логистик сум задоволна во поглед на испорака.
Јас сум Геодетски инженер, што конкретно те интересира во врска со сликиве? ништо конкретно не е прикажано освен насоката на летање на дронот