Не знам колку си запознаена, носиите од Западна Македонија се многу побогати, жените биле градски дами, не работеле во поле и слично, додека во Источна Македонија жените не се движеле многу самостојно во градот и не обрнувале внимание на китењето, работеле во поле и заради тоа носиите не биле многу богато украсени, напротив биле едноставни и доминирала црната боја. Тоа е друг случај, во тој случај ти кажав, ако сакаш прати ми слика во ЛП да ја видам носијата и ќе ти кажам.
А немаш потсукно, она белото како фустан што е? Ако е само ова многу е малку, не можеш да ја продадеш за толку многу пари, овие работи одвај дали ќе ги продадеш за 50 евра, јас мислев на комплетна носија, со фустан или кошула, со елек, со фута и шамија, плус и некои додатоци ако има, како украси и слично. Ова е типична селска носија, ја користеле за работа по домот и во дворот, затоа е потемна и без везови.
Ми цркна микрофонот од слушалките Дали е можно да се поправи, или чарето му е нови да си купам дали има некој друг начин освен да пробам дали работи микрофонот
Ќе прашам тука , ако не ми е соодветна темата преместете ме само аман не ме бришете. 1.Дали е точно дека ако се запишам на втор факултет ( а државни се и двата ) односно студирам истовремено на два, вториот е бесплатен ?! ( џоа некој проект на владата, се шират муабети ) 2.Дали редовен студент во државна квота, со кофинансирање, смее да се вработи, легално и да биде осигуран ?
Точно е дека ако се запишеш на втор факултет, нормално како вонреден студент, ќе ти биде бесплатно, нема да имаш партиципација и се друго, туку само ќе си плаќаш за испитите некоја смешна сума А за второто не сум сигурна, ама мислам дека не можеш истовремено да си и редовен студент а и да работиш, т.е. да си осигурана...
Можно е, треба да го отвориш и да ги залемиш жичките што се одлепиле но и да откриеш каде се прекинати. Ако не знаеш лемење нема шанси сама да се снајдеш. Има во самиот Windows апликација Sound Recorder каде ќе провериш дали се снима гласот.
Можеш да си студент и да работиш, јас бев пријавена, во агенција воопшто не ги интересира диплома, само наведуваш мислам во обрасците ако сеуште студираш и слично, а исто така можат да ти плаќаат и преку авторска, ама така не ти тече стаж. Инаку за втор факултет се многу големи процедурите пред да се запишеш, да ги повлечеш документите на еден ден е само 2000 денари, па да ги завериш сите на нотар едно 3- 4000 денар, и да се упишеш...Јас искрено не сум чула за оваа кампања, или проект, ама пробај си ја среќата, никад не се знае
Ако има и други заинтересирани за ова прашање, да пишам. Муфте е само ако студираш на ист универзитет. Проверено сигурно, пред малку прашав.
Ај некоја феминка ако знае да ми каже итно ми е што треба да пополнам во полето Education From : To : Till present Institution: Major : Degree: Дали да го пишам факултетов или средното училиште? Затоа што пишува to?
^ CV ти е ова? Почнуваш од последното стекнато образование, значи датумот прво, па институцијата односно универзитетот (средното училиште), major: она што си студирала, во degree треба да се пополни како на пример мастер, да речеме или матура ако се работи за средно образование, зависи што последно си стекнала. Ако почнуваш со високо образование, под тоа уште еднаш ќе пополниш за средно образование, и тоа би било. Туку дали некоја од вас феминки рентала кола, и дали е дозволено да се патува со неа во соседните земји? Ќе си прашам на лице место само вака однапред ми треба информација да знам да се организирам
^ Klub Vanilla ti e poranesno Night club Kartel,odnosno se naogja vo redot kafici na kej na kraj pozadi hotelot H.Inn . Se nadevam dobro ti objasniv [mod-kirilica:2rroxfwj][/mod-kirilica:2rroxfwj]