Каде можам да најдам новогодишни кесички за пакетче? Цело Скопје го свртев, нигде не најдов.. Итно ми треба
Дали знаете од каде можам да купам нешто слично на планер, но наместо да пишувам белешки да има место за лепење на слика и дел каде што би можело да се напише нешто поврзано со сликата?
Дали некој во Битола знае некое претпријатие што зема стар мебел и да го носи во отпад притоа да помага и при изнесување? Читав дека Комуналец веќе не земале кабаст отпад од домови, а мораме да се ослободите од стариот мебел што побрзо бидејќи имаме порачано нов но не знам каде да се обратиме
Знае ли некој од вас колку чини да си направам регистарска табличка на колата по моја желба? ( мој избор на бројки и букви) ?
Јас мислам дека Комуналец се должни да го подигнат,обратете се на овој тел број за сигурна информација: 047 207 400
Не ме фаќај за збор, ама мислам дупло беше цената од обичните таблички. 12 000 ако не се лажам, навистина не сум сигурна оддамна беше кога си местев за мојава.
Премали се шансите сите таблички со бројките што ги сака да се зафатени, посекако ако бројките се исти, буквите после нив се мењаваат AC,AD итн.
Дали во аптека или некаде се продава локална анестезија? Пример како спрејче кога те прскаат на забар да ти го умртват местото? И ако се продава колку е? Едит. Најдов. Лидокаин спреј, ама за на кожа е неефективен. Освен инекција, крема би помогнала?
Прашање за тие што скенираат сметки...дали денешните сметки може да се скенираат утре и истите да важат? Бидејќи нели нов месец и се почнува од почеток или нема врска тоа?
Може да се скенираат ама ќе влезат во тоа тромесечие од датата на сметката. Нема да влезат во тромесечието за јануари,февруари,март туку октомври,ноември, декември бидејќи е со дата од 31.12 Јас така направив претходното тромесечие, имав исполнето и ја оставив сметката да ја скенирам во новиот месец ама ми се префрли во претходниот и го надминав повратот