Јас ја затворив, не трае долго, 5 мин само, даваш лична карта и картичката, внесуваат податоци и задржуваат картичката. Јас одев неколку пати ме враќаа да сум чекала до Нова година, епа затоа отидов на 31 декември во 8.30ч После Нова година ќе земале провизија за тие картички затоа сакав да ја затворам.
Провери си за некое време дали ти е затворена сметката. Мака мачиме јас и мм со затварање на кредитни картички. Пред 2 месеци поднесовме барања и уште не се затворени, на мм два пати од тогаш му зимаат 70 денари од сметка. Беше таму, се расправаше, му викаат затворена е, а гледаме на м-банкинг дека не е и дека оди во минус. Два пати им ги плаќаше тие суми од 70 денари и пак не ја затвараат. Ептен се безобразни. Чекам да поминат празниците и да одиме пак.
Епа браво, алал да им е, кога видеш, се со цел и овие картици, не дека нешто не оправија ама ако е така поарно ич да не ги даваат.
Ние не добивме такви, па не сум во тек ама кога прочитав стопанска морав да пишам. Што е најинтересно имаме потврди дека се затворени, картичките ни ги земаа и ни ги исекоа, имам скениран документ од исечена картичка и уште не прават будали во здрав мозок. Ајде и тие ситни суми ги плативме (за ништо) ама ајде си викам само нека ги затворат. И последен пат на телефон му вика на мм Ама господине треба да платите 70ден Ајде ок, платено и еве уште не се затворени. Едвај чекам да се префрлам во друга банка ама како тргнала работата, се повеќе ме фаќа инает една тужба да им пуштам. Затоа провери си.
Кредитна и дебитна (како купувам домашно) не е исто. Туку пушти еден маил на пример до генерален директор или управен одбор и да видиш како се средува се.
Знам дека не е исто ама пак се сведува на истото, затварање сметка. Инаку, баравме претпоставен, разговаравме и пак не вратија да продолжиме со постапката кај овие на шалтер ама не ти е лоша идејата.
Здраво Сакам да ве замолам за препорака на добар Др. алерголог. Мајка ми ја следеа на клиника ама поради ситуацијава сега е невозможно да се добие термин кај добар Др. Препорака за некој во приватните болници или што има своја ординација? Благодарам
Да не случајно станува збор за стопанска банка? Мајка ми едвај сметка затвори кај мрднативе, не сакаа да и ја затворат сметката и кредитната картичка, иако ништо не должеше.
Јас имав отворено сметка во стопанска банка и платив 200 денари за да ми одблокираат сметката. Ми беше блокирана од нивна страна за погрешен пин и тој ми побара плус 300 денари да ми ја затвори сметката и уште плус 200 за да отвори пак понатака ако сум сакала. Погодете што, татко ми го спомна директорот на стопанска банка и дечкото со брзина на светлината ми ја затвори сметката.