Чисто информативно. Согласно закон имаат обврска да ви ја затворат сметката ако немате неподмирени обврски и не сте блокирани. Побарајте да ви дадат заверен документ дека сте поднеле писмено барање и ако не го спроведат заканете се со пријава во народна банка.
Супер тогаш можете да се заканите со пријава. Ова е регулирано во закон и имаат обврска да постапат истиот ден (кога е барањето).
Дечки да ве прашам, дали некој знае колку месеци може еден војник да работи во касарна во друг град ако тој е од Скопје? Плус ако е нов и со командир да биде таму во другиот град??
Фала за споделеното мислење, слушав доста за ова, ама некако скептик бев не им верував, јас се јавив телефонски можело да се затвори картичката, баш ќе проверам дали навистина е затворена и ќе се одјавам од кај нив еднаш за секогаш, значи кое дно биле, да не можеш картичка да откажеш, треба да се срамат. Која банка е добра ако знае некој нека предложи, се мислам да се префрлам на комерцијална? Поточно прашувам за картичка од која ќе можам да ставам пари за порачување од странство, не картичка за плата каде што стигнува
Девојки, препорачајте ми некој спа центар за ноќевање за пар, базенче џакузи по можност да не е многу скапо.
НЛБ банка е најдобра, 11 години сум кај нив и досега сум немал проблеми, инаку картичка во НЛБ банка се откажува за 2 минути само со приложување на лична карта, без дополнителни барања, без дополнителни трошоци и провизии, јас сега во Декември откажав картичка, толку е, влегуваш кај службеникот, кажуваш сакам да откажам картичка, ти бара лична карта, и за 2 минути ти ја откажува картичката, и тоа е тоа.