Само да прашам дали знаете каде има пакетчиња останато во продавници кои што работат денеска? За Скопје конкретно ме интересира.
Баш ќе проверам после на идење. Прашав оти не сум од Скопје а во нашиот град немаме веќе, и плус не знам кои маркети работат во Скопје во недела. Фала ти.
Секој голем маркет работи во недела. Сите молови работат во недела, а во моловите има големи маркети, сигурна сум дека некаде ќе најдеш.
Во повеќето цвеќари. Последно што пакував беше во една цвеќара карши вулкан, т.е карши кинг бургер на времето. Ама во глобала нема цвеќара што не пакува. Во ДМ пример ако купиш нешто, може да ти го спакуваат они бесплатно.
Дали некој во скоро време има електронски закажувано за сликање за лична карта? Гледам има премногу слободни термини, од утре уште, а на телефон ми вика за месец дена прв слободен. Колку е сигурно да се закаже електронски?
Најлоша услуга имаат Карго Експрес. Плаќаш за до врата 130 МКД да речеме. Они те бараат на тел и молат Бога да не кренеш на тел. Оттогаш можеш да се скинеш вртејќи нема да ти дигнат. После ќе те лажат дека немало никаква пратка стигнато па ќе си земеш такси за да ја земеш пратката која е платена за до врата и ќе ти речат погрешен број имаат оставено а уствари ти гледаш дека бројо си е точен а и нели ти вртеа пред некој ден....
Не знаев каде да пишам за ова, па ајде тука Ако има некој што работи на УК за Психијатрија да ми пише лп?
Како се плаќа преку western, треба да порачам нешто преку интернет и ми рекоа преку тоа треба да платам а не ми дадоа некои податоци? Искрено, ич не се разбирам, до сега не сум плаќала вака, ќе може некој да ми каже? Треба да ги прашам за податоци да ми дадат или?
Да, треба име и презиме, матичен или број на лична карта точно не знам, од тој што ќе ги зема парите, провери на нет. И внимавај, зависи за шо плаќаш, но може да платиш и никогаш да не го добиеш тоа што треба.