Дамка од пудра за лице се вади исклучиво со машка пена за бричење. Се накиснува местото со млака вода, се става пена се размачкува и се остава еден час. После се протрива и се пери во машина нормално. Пробај, мене ми успеало секој пат без исклучок. Па пиши
А за боење пробај со туш за цртање, јас си бојам патики така. Е пушта боја ама ако е мало кругчето занемарливо ќе биде.
Се надевам дека мислиш на МоиРецепти страницата за рецепти подржана од Делимано? Да, добиваш, прво треба да се зачлениш, има правила на самата страна, имаат два вида на награди, една рецепт на тема и рецепт на месец. За рецепт на тема ја добиваш наградата што ја нудат еве сега има тема за рецепти со праз добиваш Шеф ножеви, а за рецепт на месец добиваш ваучер од 1000 ден за купување на производите на Делимано
Изборот е хемија или природна база... Таблети или чај од валеријана, маточина, капки од валеријана. Ако си во ПМС чајот од маточина не се препорачува. Мој совет, капки од валеријана. Подобри се од чаевите зашто се поконцентрирани.
Закажавме пред две недели сликање за возачка. Поминаа две недели и возачката сеуште не е изработена, притоа имаме уплатено за итна постапка. Се јавувам на бројот за закажување и добив инфо дека они немаат никакво известување дека во мвр им фалат обрасци или дека имаат било каков технички проблем при изработката, во превод појма немаат и не ги ни интересира. Каде можам да се обратам, да се жалам било што? Парите ги собраа а еве веќе две недели сеуште ја немаме возачката. Притоа платено за итна постапка. На крај ќе отидам лично во мвр и ќе се расправам.
Јас имам и многу сум задоволна. Не знам што конкретно те интересира, ама за помлаку од 5 минути загрева вода.
Па име на марка, јачина и литража. Друго не знам што би можело. Функцијата мислам дека е таа на сите Јас имам од 2200w од 1.7л од сетек го земав за 1000. Едит: и материјалот. Има пластични, стаклени, метални, керамички. Мислам дека и поради тоа варира цената.
Фала многу! Па ајде утре ќе поминам до Сетек, сигурно и таму ќе ми објаснат. Преферирам вака искуства, бидејќи вработените најчесто се' фалат.