Не знаев која е најсоодветна тема во Образование, па ќе пишам овде. Имам неположен предмет од 5ти семестар, сега запишувам 8ми-последен. Е сега една колешка ми уплаќаше за семестар и платила и за овој предмет по 205 ден за секој кредит и мене воопшто не ми текна, и реков ок. Е сега се збунив, не знам дали требаше тие да ги платиме, мислам дека не. Некој да ми каже дали да си ги повлечам парите (ако може воопшто) или треба да стојат за овој предмет. Немам до сега презапишувано, па не знам.
Здраво имам прашање Дали при патување со авион те тестираат на аеродромот или мораш да направиш тест во болница? Патувањето е за Германија, со компанијата Wizz air
Дали некоја од вас користела фломастери за цртањр на керамика и да ми каже од каде ги купила и како е задоволна во смисла на трајност на бојата?
За неколку месеци треба да патувам со авион а во меѓувреме земав маче и ќе сакам да го земам со мене ако знае некој подетално да ми објасни што се е потребно за патување со животно?
Јас знам дека пред патувањето мачето треба да го однесеш на ветеринар да проверат дали ги има примено сите вакцини и дали може да патува(најверојатно и некаков документ ќе ти дадат ако може да патува), исто така потребно е и пасош, а пожелно е 8-10 часа пред патувањето мачето да не јаде и да не пие вода инаку може да му се слоши и да повраќа.
За куче мора да е чипирано, вакцинирано од беснило и вет. инспектор во твојот град да ти издаде потврда дека на територијата на тој град нема беснило. Треба да имаш пасош и копија од педигрето ако го има. За маче валјда е исто или слично, прашај го матичниот ветеринар. Горе можеш да го замеш во кафез ако е до 7 кг или да го пуштиш долу исто во кафез. Одделот во кој патува не е исто како кај куферите, има простор и воздух. Сепак мислам дека е подобро горе во транспортер да го носиш.
И јас мислам да го земе горе со неа, доле ќе го трауматизира за цел живот, сепак не е предмет да се става доле кај куферите
Дали знаете колку чини отприлика една фотосесија? Не свадбена, сакам за роденден да направам. Знам дека секаде е различна цената ама општо, грубо ако знаете или сте правеле. Времетраење, локација е на мене или него? Упатете ме
Зависи најверојатно од фотографот. Мислам дека под 1000 нема, некои наплаќаат 2000/3000 итн. За локација не сум сигурна, веројатно ако имаш желба ти си кажуваш каде. Пиши на неколку на инстаграм што фотографираат и побарај им цени