Во која книжара може да ги најдам книгите што ги даваа едно време со дневните весници? Конкретно ми требе "Убиство во Ориен Експрес" ама од тоа издание..
Дали е можно да одам во Т-мобиле и да побарам да ми го исклучат Интернетот? До сега немам активирано Интернет, ниту па некоја од тарифите и понудите што постојано ги предложуваат, ама на телефонов имам интернет ама не го користам никогаш, секогаш само ви-фи. Е сега изгледа некогаш кога ми била слаба мрежата или на момент сум се дисконектирала автоматски па повторно се конектирал сам, во меѓувреме тоа оди како да користам Интернет од телефон! и ми зело околу 300 денари! Мислам дека и порано ми се случило истото, бидејќи сум забележувала помалку кредит. Можна е мојата теорија и тоа да одам да го деактивирам скроз на скроз во Т-мобиле?!
прво пробај од телефонот да ја декативираш опцијата да се уклучуваш на интернет од сметка, ако не успева оди во ТМБ
*Ќе си идам у Т-моб за сигурно. Не можам да најдам таква опција во телефон, не ни знам колку е тоа можно да се изведе индивидуално. Фала.
све е можно оди во т-мобиле објсниму убо и ќе ти кажат тие што треба да се направи и ќе превземат мерки ако не сакаш нешто да користиш забрана ли му ставаат или незнам што и нема да можеш да се уклучиш и да го користиш нормално иако незнам како е тоа можно нет да ти се уклучи на тел.сам автоматски ако ти го немаш уклучено.
Па кога ми се дисконектирал ваерлесот, а јас сеуште сум била на Интернет и не сум видела, тоа функционира како да сум го уклучила нормално Интернетот и сум одлучила да сурфам на кредит.
^ Можно е. 100% На мене ми забранија да користам интернет. И сега само преку вифи користам интернет. Прво, кога отидов кај една, ми рече: Не бе, не е можно тоа. Нема шанси. Среќа се сврте, таа што беше на соседниот шалтер, ме праша, што сакам, и ми објасни убаво. Зависи и кој ќе ти се погоди на шалтер. Значи, дефинитивно може да ти се исклучи интернетот.
Да не знае некоја цурица дали тие што продаваат телефони на Бит-Пазар во Скопје откупуваат microSD мемориски картички за телефон? Си најдов мемориска картичка од постар телефон 1GB, па си викам зошто да не ја продадам и да си остварам “бизнис“ од 5€. Сериозно, не ми ја треба, па ако некоја феминка е волјна да ја купи ем да ме запознае, нека пише порака. Или нека ми даде одговор на прашањето. Верувам дека реалната цена е 250-300 ден., но со ценкање може да се стигне и до 350-400 ден. Секако ова за Бит-Пазар зборам, а за феминките ќе има некој попуст.
^ Јас мемориска од 4 гига земав за 300 денари, така да математикава твоја ни на пазарџиите нема да им пројде. Во Топер книжарница.
Не си го знам пинот и сега не можам да си го вклучам,а картичката немам појма каде мие -.- ако појдам во One ке има ли спас за мојор проблем ?
Тешко, но не и невозможно... ќе те прашаат кои се последните 2-3 броја на кои си вртела или ти вртеле за да се уверат дека твоја е картичката т.е. бројот. Во секој случај отиди и прашај. Јас затоа веднаш штом земам нов број си го менувам пинот и завршена работа. Ставете си година на раѓање како пин и немајте гајле, тоа не се заборава.
Нема везе дека ке те прашаат за последните вртени броеви .Можеш да се обидес со пук кодот да го одблокираш но внимавај да не го утнеш .Имаш можност 3 пати потоа се блокира.Во провајдерот треба да докажеш дека е на твое има каричката инаку ништо нема да ти помогнат 100%
Има везе, don't talk something you haven't experienced or witnessed to. Ако немаш документ со кој ќе докажеш дека картичката е твоја (на пр. си ја купил од трафика), единствено со кое ќе “докажеш“ дека картичката е твоја, е ако им кажеш последен број на кој си вртел или ти вртел. Си имаат они таму во системот листа на повици за секој број и така се проверува.
да само нели кога купуваш број мислам дека лична карта бараат. ќе треба да ја покажеш или твоја или на родител зависи на чие име е купен и ќе ти помогнат таму без проблем