Некој да не знае пливачкиот базен Борис Трајковски дали работи и колку чини месечна чланарина. И дали има опција навечер да се користи?
Ние лани многу убаво си поминавме во Тино Св. Стефан. Има затворен и отворен базен со спа. Собите беа убави и чисти со убав поглед на езеро, доручекот разновиден и убав, паркингот е мал ама се наоѓаше место.
Како да прикачам slow motion слика од телефон на инстаграм? Ми ја прикачува како видео, ама не slow motion туку со цела брзина.
Како па да не.. да не го запишуваат секој сериски број од парите од кого е внесен во банка... Дај не се филмајте толку.. Фалсификувана пара татко ми ја препознаваше мижејќи.. Веројатно 38 год во банка си го направиле своето...
Не реков дека ги запишуваат сериските броеви. Секако дека фалсификувана пара се познава на рака, кажав само дека си водат евиденција за тоа. Не знам за другите банки, но за Комерцијална со сигурност знам бидејќи сестра ми работи
Татко ми 38год работеше баш во комерцијална.. Единствено што запишуваа е на една уплатница на пример ако уплаќаш 3000ден, колку 100ки си дал, колку 1000ки итн.. Ама кога ќе ги стават сите пари на куп, апсолутно ништо не им значи тоа кој колкава пара дал кога не можат да знаат која пара ја дал јанко а која петко, затоа што не се води евиденција за сериските броеви.. затоа не ти држи вода тоа што го кажуваш.. За раситнување пари не треба да и бараат л.к затоа што не и издаваат никаков документ од страна на банката .. За менување девизи да било, тогаш ок, нормално е да се бара.
Не сум до толку упатена, од скоро работи сестра ми и кажано ми е дека мора да бараат лична карта за било каква услуга.
Дали знаете како некоја песничка да ја извадам од јутуб, да ја скратам и тој дел да го ставам за ринг тоун, али да не биде преку комјутер туку директно у телефонот се да средам??
Симни ја песната од youtube, имаш онлајн еден куп страни, пиши само youtube to mp3, после тоа ја кратиш на mp3cut.net
Фалаа многу извадив апликација прво за симнување од јутуб, после оваа истата за кратење и сега е супер