Зависи каква мемориска си земала, ова мојата е специјална. Ти ваљда си земала miniSD картичка, мојата е microSD и подобра е.
Не знам колку специјална е твојата, мојата е MicroSD, а не мини, и останати минималистички изрази. Ти кажав за да не се бламираш и да бараш таква цена за 1 гига, а ти ако си наумил, оди слободно.
Нема што да се бламирам, јас си дадов мое мислење за тоа колку мислам дека е цената и побарав одговор и еве го добив. А и во меѓувреме видов дека цените за 1GB се доста опаднати, така што се движат околу 4-5$ или 200 ден.
Јас мислам дека е крмак. Ама тука нешто најдов... крмнак. Кое е правото, поим немам. http://www.makedonski.info/show/крмнак/м
Вепар се вика, биологија во основно ни се смееше зошто никој незнаеше хаха Крмак мислам дека е некоја свиња со прекумерна тежина за колење или како и да се вика, не се разбирам
Дали во Скопје има преставништво на авионската компанија Wizzair или број да се јавам да резервирам лет?
јас колку што знам со wizzair се резервира односно се купува билет само онлајн. едит http://wizzair.com/mk-MK/useful_information/how_to_book
Нема соодветна тема за да побарам вака глупав совет од вас. Како да најавам дома дека во Понеделник ќе дојде да ме запроси некој што прв пат го гледаат?? Кутирот е и тој стресен, ама не колку што сум јас, особено од реакцијата на татко ми. Помагајте ми да се соберам , да одберам претставителни зборови и да го најавам младоженецот.
Moжиш да ги седниш твоите и да му ја кажиш твојата ситуација, и да им најавиш дека ќе дојдат да те запросат, немој да чекаш во 5до12 за да им кажеш, најави и тамам и ќе имаат некој ден да се смират.
^^ Ова во општи прашања? Искрен разговор, што друго? Нема туѓи зборови да употребуваш за вакво нешто, ќе си кажеш искрено...и со среќа!
Нема да го избркаат де, не е до толку, обиди се со разговор со мајка ти ако си поблиска со неа. Не знам колку години имаш, веројатно не си толку мала, твоите постови имаат зрелост па претпоставувам дека не си 16 години. Е па убавини се тоа, не е до толку. Или едноставно кажи, јас ќе се мажам, дечко ми сака да дојде да ме запроси од вас, ве почитува, бла, бла, бла... Само претходно свари им кафе со по два три дијазепама, да не ги стрефи срце, се шегувам, да ти ја разбијам тремата малку. И баш ме интересира што ќе ти кажат, откако напиша дека ќе станеш мајка те следам, па оној депресивен пост кој навистина ме онерасположи, сега па ме израдува со просењево
Мамо, тато се гледам со едно момче кој има сериозни намери, ме почитува и цени, и сакам и вие да го запознаете . . . Ова го стропав, како контекст. Не дека ти сега ќе ги кажеш истите зборови, но биди искрена, и самата имаш пофални и милни зборови за него, обиди се да им кажеш дека е најдобриот избор за тебе.