Јас лично немам сретнато лаптоп што држи толку батерија. 3-4 часа максимум и тие што сум ги имала и од искуство на блиски. Јави се прашај или отиди. Не знам друго што да ти кажам..
Доволни се пет капки крв и пет минутки за да проверат крвна група, буквално. На трансфузиологија одредувавме од капиларна крв.
Од Тефал е предобар, го зедов од Техно Маркет, мислам има и во Сетек. Топло држи многу долго, за ладно ич не се сомневам. Околу 800 ден. беше ако не грешам. Ваков е:
Овие со F што се обележани? F1мислам дека е да пуштиш програма со помалку вода, т.е половина од вообичаеното количество за програмата, за полупразна машина, F2 за скратување на времето на програмата, F3 мислам дека е за екстра сјај, а F4 не сум сигурна за што е, го има и на мојата машина, не го користам, ама не можам да го најдам упатството за да ти кажам за што е.