Предложете некој блендер за шејк освен Нутри булет. Ги гледав во Сетек и Техно маркет тие што се од 1500 до 2000ден.
Следите ли некој инстаграм профил каде што споделуваат рецепти, особено за здрава исхрана, македонски или српски?
Каде најефтино може да го ишишаат кучето во Скопје? Не ми се важни фризури и глупости чисто да му олесни
Дали можам да дознаам име на сопственикот на кола ако знам број на табличка (и општо изгледот на колата), ама не во полиција?
Некое место за јадење, ресторан/сендвичара/пекара, било што кај што може да се седне во близина на клинички?
Колку од прилика кошта пакување подарок? Поголема кутија, внатре е трицикл детски. Немам време многу за шетање, ќе.треба во последен можњнт да го носам па да знам
Дечки плаќав онлајн сметка во вип. Ми стигна и смс и порака на апликацијата од нлб дека е платена, а на профилот од вип ми испадна известување дека плаќањето е неуспешно и си стои како неплатена фактура. Долго време плаќам вака и досега сум немала проблем. Што би можела да направам, не сакам да платам два пати?
Ќе одиш до ВИП, може има задоцнување во системот. Мене за водовод на пример не ми регистрира одма дека е платена или оди до нлб да ти дадат извештај, па одо до вип. Не може да ти бараат пак да платиш, а секоја трансакција електронска е забележена
Не верувам дека е со задоцнување, бидејќи на апликацијата од вип ми испадна неуспешно плаќање, а нлб е регистрирано како да е платено. Ништо, ќе одам в понеделник до вип.
Предлог ресторан/lunch bar во Скопје на отворено, кај што може да се седне периодов? Public room, пекара Кај Вели.
Здраво, дали постои некое студио каде што може да се сликате со професионален апарат т.е. да ви направат убави слики, без повод како што се свадби , прослави, значи само вие да се сликате ама навистина сликите да бидат како професионални?