Доколку блокирам нечив број, дали ќе знае дека не може да ми праќа пораки или пораките ќе му се праќаат сеедно иако нема да ги примам?
Нема да знае, ќе ги праќа. На андроид мислам и дека ќе ти стигаат во нешто како спам, а на ајфон нема да стигаат.
Најдов баш преку врски државно, но искрено факултет не ми се учи, па затоа прашувам, многу ли е пониска платата?
Зависи од работното место. Сестра може и со средно и со факултет. Ама има разлика во платата. Зависи што работиш.
Добар ден на сите. Да ве прашам препорака за слаткарница. Ми треба ептен мало ролатче минимални парчиња, така да не ми е важно како ќе изгледа битен е вкусот. Фала ви.
Мало ролатче има во лапетит, за 10тина парчиња. Околу 300 денари е. Мене ми се допаѓа, има повеќе вкусови, ама во глобала не е лошо.
Еве мм како љубител на благо вика чоко орев било убаво. Ја би за нешто овошно највеќе ама љубителите на благо превртуваат очи на тоа . И чоко мус ли се вика не знам точно, не е лошо.