Неколку рецепти имав пробано, ниту едно не ми испадна точно, или го варам премалку или премногу, не можам да погодам, затоа вакво кога си купував многу ми беше погодено.
Не знам конкретно за наведената фирма, но не ти треба фирма за да купуваш роба, фактурата што ќе ти ја испорачаат може да гласи на име на физичко лице, тоа е веќе договор меѓу тебе и нив. За продажба на робата потребно е да имаш фирма отворено затоа што вршиш дејност, а глобите се високи за вршење на нерегистрирана дејност, но гледам има многу на фб кои продаваат без да имаат фирма, али секој со својот ризик. Ако те интересира нешто подетално пиши ми порака.
Каде можам да најдам поефтин куфер за патување, ми треба само за едно патување , голем куфер ,секако освен на Бит Пазар ?
Каде во Скопје или онлајн можам да најдам адидас суперстар патики? Не моделот grandcourt туку стриктно supestar?
Sport M (ГТЦ, Сити Мол, Рамстор, Качанички пат), SportVision (ГТЦ, Сити Мол, Рамстор), ИнтерСпорт (Рамстор, Качанички пат) и CityBox (Рамстор).
Се грееме со клима. Проблем е што мене ми се затнува носот навечер и никако не можам да го одзатнам можеби 2 часа, а со бебе мало сум ми треба сон. Кај тоа не спие како што треба па и јас мака мачам веќе 4 вечери сум ненаспана поради воздухот. Навлажнувач не помага пробано е.Што друго да направам? Дајте кажете решение пукнав веќе
Купив ананас ама кога го исеков видов дека е зелен. Дали пресечен во фрижидер може да узрее или ќе скапе,џабе парите
Дали фармацевтите смеат да издаваат деловни тајни? Пример купам тест за бременост и сите да ме разберат? Или ако некој купи анти депресиви дали фармацевтот тоа смее да го сподели со роднини и пријатели?
Да, но ако се случи да сподели има ли некакви последици? Пример за некои професии им се одзема лиценца за работа на вработените при вакви случки.