Вау, овде доктор извади три органи на жена и никому ништо ти очекуваш да се одземе лиценца на Митра зашто и кажала на Петра дека ти си купила тест за бременост. Прво, која лиценца? Таа е само вработена во аптека. Друго, како ќе докажеш кој кому издал тајна? Трето, кај ќе пријавиш? Кој се замара?
Не не во никој случај не пријавувам. Но слушнав неколку пати да издава тајни, кој што купил, па да се распрашува наоколу за луѓето. Не пријавувам, ниту докажувам, но ме интересира. Имаат лиценци сите што работат во аптеките, се полага испит некој и знам дека имаат лиценца и фармацевтите и фармацевтските техничари. Дури и да пријави некој нема шанси да изгуби лиценца вработен бидејќи едвај наоѓаат фармацевти низ аптекиве.
Дали некој има информација дали ќе објават резултати од тестирањето за попишувачи или пак на некој веќе му се имаат јавено за обуката ?
Читам во темата за попис, на некои им се јавиле. И изгледа поради некои што не го поминале успешно тестирањето дале и трет оглас за попишувачи.
Има некој добиено пратка перидов од AwesomeBooks? Нарачав на 17.02, estimated delivery беше на 03.03, со краен рок до 19.03 (утре). Уште не е стигната пратката.
Здраво, дали може да ми предложите добри агенции за студентска работа во Германија? И дали знаете која е цената за услугата? Благодарам
Контекст, околу 300e ти е цела програма. Коузон исто така, но не знам точно колку им е цената за услугата, но не би требало да е повеќе.
Едно прашање кој знае да ме упати . Праксата за мед.сестра техничар ја завршив лани во Државна . Пошто беше корона а и веќе бев во работен однос само собрав потписи , сега за во Германија ми барат некој фонд на пракса, колку сати сум одела , што научив и слично . Од каде да го барам тој документ ?
Девојки дали знаете тезгите во шутка дали сега работат преку недела или само за викенд, поради коронава.
Епа така ме иритираше.. Мене не ме праша, а пиеше кафе со мене, а после тоа на други раскажувала и се распрашувала..
Тебе ако вака те иритира срцка нашиов менталитет , каде што никој не си ја гледа својата работа ... батали ги .
Конкретно во мојот град имаше 418 пријавени кандидати, а се бараа само 240. На општи прашања да не го положат тестирањето 170-180 кандидати малку не ми е логично. Сега повторно имаат објавено трет оглас.