Дали некој знае како се вика страната т.е онлајн продавницата на инстаграм каде има интересни кломпи за докторки, заболекарки, фризерки такви сликички на кломпите?
Да, притисни да почнеш со постапката за отклучување на акаунтот и следи ги чекорите понатаму. Би требало да можеш да го вратиш, штом дава опција.
И мене ми се скрши топломер пред некое време.Исто испаничив и поминав со правосмукалка за после да прочитам дека баш тоа не смеело да се прави.Ама после видов и статии кои кажуваат дека оваа жива во топломерите не е токсична и не може да предизвика голема штета.Доколку не си ја допрела на место кај што имаш рана, си се измила убаво и ако немаш никаква кожна реакција од вчера, би требало да е во ред. Ама нека каже и некој што е поубаво упатен, да не грешам.
Каде можам да најдам пудра без талк? Сиромашен ни е пазарот, на нет се продаваат милион видови, а во аптека ме убедуваа дека такво нешто не постои.
Си ги побарала пудрите на Џонсон ? јас користев таква без талк ама ја имав купено од Керфур кога беше во сити мол. Побарај во Рамстор може има.