По пропис не смее, но во пракса не прават проблеми, али си останува ризикот некој да провери и да ти пишат глоба за вршење нерегистрирана дејност, ако ти е ова професија, отвори трговец поединец не ти треба капитал за таа форма на правно лице, и ниски се давачките, или регистрирај се како занаетчија, за ова ќе имаш само давачки за членарина, што е сигурно е сигурно, сепак мирно ќе спиеш а не вака да му мислиш кој што ќе ја види рекламата, затоа што штом се рекламираш уште толку го зголемуваш ризикот да те фатат за вршење трговска дејност продажба без регистрирана фирма во некоја правна форма за вршење на истата.
На некои факултети не дозволуваат презентирање на Дипломската, дури не ги положиш сите испити, додека не ти го проверат досието да не ти фалат некои пријави. Уверение за дипломиран ќе му дадат тогаш кога ќе го положи и последниот испит. А дипломите ги доделуваат покасно.
Дали знаете тие што сте моментално почнати со теоретска настава/ часови со инструктор за возење. Имате инф дали се паузира се со новодонесениов закон?
Зависи за кој факултет, ако дипломската се смета како испит да речеме. Јас кога бев студент кога ги положив сите испити поднесов за дипломска барање, па да ти одобрат па да ја браниш па да одлучи комисијата процедура е, може и август ќе го фати, а може и порано.
Ама тоа и јас го зборам. А членката кажува дека дечко и немал положен некој испит, а ја бранел веќе Дипломската пред комисија. Па уште прашува и диплома кога ќе му дадат. Како да му дадат, кога испит некој нема положено. Никој нема да му го прости тој неположен испит. Јас се чудам кој факултет му дозволил да одбрани Дипломска без да му бидат положени, расчистени сите испити.
Каде да најдам онаква шипка за во плакар за ставање закачалки на неа? Барав во џамбо, немаат. Колку чинат од прилика? И одат стандард дименизии?
Да само од другата страна на партизанска, што оди накај центар. Се гледа од улицата, во сива зграда. Е не сум 100% сигурна дали беше розев ама формата е таа.
Можеш едноставно да си ги купиш тие пластичните што се ставаат позади за маската на нив да ја ставиш а не на уво. Доколку треба подолго време да ја носиш, верувај спас е
Ве молам доколку има некоја од вас што работи во Авицена во Тафталиџе да ми пише лп ако може, итно е.
Пишав и во темата за здравствено осигурување ама да си прашам и тука, што значи ова не ми е јасно? Имам здравствено осигурување или не?