Ајде домаќинки, некоја да ми каже каде можам да купам прехрамбени бои (оние за торти и колачи). Ми спомнаа во Европа, ама да не има и во некој маркет или слично? Фалаааа
Да прашам каде може да најдам кинески стапчиња за јадење, имам веќе два пара што ги собрав од кинески ресторан ама бидејќи се дрвени требало да се менуваат колку и да ги оддржавам после некое време треба да се фрлат, па каде може да набавам нови?
би сакала да прашам дали некој е запознаен повеке со оваа мерка за самовработување што е владата, со давање на неповратен кредит, баш сега видов на страната на авмр, па се мислам дали да одам да е распрашвам шо како, или са џабе ке се малтретирам и за тоа требаат врски како за се друго во оваа наша држава? http://www.avrm.gov.mk/WBStorage/Files/ ... donski.pdf еве линк за ова...
Аплицираш во АВРМ и 99% ти одобруваат па потоа цела работа ја маваат УНДП. Даваат до 3000евра, УНДП ти регистрира фирма, дава бизнис план и тие пари ти служат како почетен капитал во бизнисот.... Значи од тие пари си плаќаш осигурување, опрема... За да набавиш опрема и само опрема собираш понуди од 3 фирми и таа што е најевтина ја прифаќаат (има тука мали зафрканции околу ДДВ) Незнам сега баш од кој фонд имаат земено пари али добро знам дека некои се со 1 год. грејс период и потоа 1% камата за да ги вратиш парите. Убава е замислата за оние кои стварно сакаат да отпочнат свој бизнис а немаат капитал-пари ама ретко кој ги искористува правилно. Обично ги земат парите и потрошат (лесно перење на пари, како??? ако сакаш ќе ти пишам во лп ако влегуваш во тој филм) и после кога фирмата заглави во трошоци е ,,оф леле мајко,, епа ,,ех,,
абе јас се мислев и претходниот пат кога имаше оглас, ама касно видов, па се мислев сега ако успеам некако да пробам, ако не тие тешко пиши во лп, ме интересира дали има може да се аплицира за отпочнување бизнис во било која област, мислам услуги,продажба или??
Во врска со болдираното - парите се неповратни. Никакви камати, ништо не враќаш. Понуди од три фирми се бараат само ако имаш фактура поголема од 1000 евра, ако се помали фактури може од повеќе фирми да земеш без понуди за најефтино, тоа што ќе одбереш тоа го земаш. И не, не се потребни врски, обично поголемиот дел на бизнис планови ги одобруваат. Љубица не можеш да изгубиш апсолутно ништо. Пријави се.
да и јас овај пат читав дека се неповратни, а не како минатите пати, со греј период и со 1%камата... па ке одам утре да видам шо ке ми кажат во работниот клуб во аврм во битола па ке ве известам шо бидна
Дајте ми број од некој водоинсталатер (да монтира кујнска чешма), ефикасен и не многу скап. Спојлер Се изнервирав, секаде се јавив разни изговори наоѓаат. Едит* За Скопје мислев, секако.
Мислам дека е зад Рамстор, кога тргнуваш по Водњанска нагоре и вртиш десно нааааа..хм, втората кривина, зад Беверли Хилс... е таа мислам е Васил Главинов. Ако не се лажам. Ама не е една во СК, така да, малку подетално прашај си.
Doozy, таа што ја кажуваш е Васил Ѓоргов Тука си негде Инаку, и јас еднаш ја барав Васил Главинов, не ја најдов, само ми кажаа дека е во Центар И толку.
хаха ми текна и мене одма дека за Васил Ѓоргов мисли, фала ти Дузи сепак. Инаку грин знам дека е некаде во центар, ама прашањево е каде.... До сега се тупев на Google maps и како што сфатив иде во тој блок на згради кај што е дом на градежници. Ај ќе се снајдам, ќе имате нареден пат кого да прашате за локацијата . Фала ви на сите.
Ако не си нашла до сега еве ти број од фирма која поправа се и сешто 3123312 Спојлер www.hausmajstor.com.mk Може не се баш ефтини ама барем ти доагаат дома.И ти поправаат тоа што треба