Дали овие карго што носат работат и во недела? Денес не ми стигна нарачка, па дали да ја очекувам утре?
Зависи за кое карго станува збор. Во принцип, работат во недела. Исто така, повеќето имаат сајтови со назначено работно време, можеш и таму да провериш.
Вакви плетени корпи со капак освен во Јуск каде има? Или убави пластични со ваков стил на дрвен капак?
Какви се ,најлонски хулахопки,? Читам на Кафе пауза дека италијанките дури и кога носеле длабоки чизми не носеле најлонски хулахопки...
Има најлонски и перлонски тенки хулахопки. Перлонските се подебели, обично повозрасните ги носат, а најлонските се потенки, посвилени, обично младите ги носат.
Каде можам да најдам хамок? Практичен барам, згоден за лежење. Во Скаут знам дека има, поевтино ако има дали знае некој?
Дали некој знае онлине продавница каде што можам да купам пенкало за гравирање? Дали во Mr. Bricolage или некои слични продавници може да се најде нешто такво, ама поквалитетно,
Дали некој има искуство со плаќање на рата за кредитна картичка преку банкомат? Дали парите се достапни веднаш на картичката после уплатата ( исто како преку шалтер)? Конкретно прашувам за НЛБ.
Не знаев каде да пишам. Вака, ни стигна за данок на имот да си платиме за оваа година и кога отворив преку нивна веб страница, на финансова картица го гледам ова. Платени се претходните години, што значи ова? Не ми креваат телефон со денови, а не знам дали работат со странки. Ако знае некој да ми објасни