За жал јас го имам истиот проблем, не сум пробувала во Македонија ама во државата во која што сум го понудив на многу салони и на многу огласи, не можам да го продадам. Салонот од кај што го купив не сакаше да го земе назад ни за пола цена. Ако најдеш некој салон кој откупува во Македонија венчаници кажи ми. Не мораш да одиш лично, може било кој да ти извади извод ако ти го знае местото на раѓање и матичниот број.
Девојче во твојов случај мислам дека е најдобро да се советуваш со психолог. Фокусот ти е ставен на тоа и логично е дека ја забележуваш постојано таа иста работа. На пример направи го истото и со некој број, ќе видиш дека за некое време во твојата потсвест ќе започне да те прогонува тој број и да се појавува насекаде, тоа е едно просто правило. Сметам дека живееш во мал град и логично е доколку фокусот ти е на некоја поспецифична кола (без регистрација, со странска регистрација) да почнеш да ја приметуваш постојано. А и останатите членови, размислете малку пред да коментирате како тоа со сигурност ја прати некој дека уште повеќе ја храните анксиозноста и стравот кај девојката и може само полошо да направите.
Не ми е потребен психолог, ти благодарам за советот. Исто така, фокусот не ми е ставен на специфична кола. Проблемот е во тоа што забележувам сѐ што ќе ми дојде пред очи како слика и останува тоа врежано во некоја ќелија од мозоков. Иако сум анксиозносна, знам дека овој случај што го напишав има некаква позадина.
Дали постојат некои фолии или нешто слично ако има подобра опција, да ги залепам/ставам врз плакари? Сакам да им сменам боја конкретно. Борда боја се плакариве а сакам да ги направам крем. Дали треба да ги обојам и со што? (ако ова е подобра опција) Не ми се даваат пак пари за нови затоа што и овие се речиси нови. Мислење? Што мислите?
Постои како фолија која се лепе. Директно се лепе,без некое премачкување. Мајка ми така кујната си ја направи пред неколку години.
Види во Јоди -Ново Лисиче,книжарница Траки-Автокоманда, Меркур и Џамбо Ние купивме нов плакар а стариот сакавме да го залепиме иста боја како новиот па баравме по продавнициве таква нијанса. Купивме од џамбо една ролна околу 60денари, мислам 7-8 употребивме. Сепак зависи од димензиите на плакарот Во другиве продавници на метро се продава,мислам околу 100ден метро.
Дадов отказ. Кои документи ми се потребни за во фонд за здравство, за повторно да се пријавам? И сеуште работат поединечните локални од Аврм? И за таму дали треба да им го дадам само картончето или и документи треба?
Имам еден парфем и не можам да го користам веќе неколку месеци бидејќи прскалката нешто не ја бива. Си најдов друго шишенце, е сеа како да го скршам шишево..(бидејќи тоа е единствена опција), а да не се исечам..? Може е глупо ова, ама многу сакам да си го користам. Скоро цел е полн.. Едит: @Lizy333 ме потсети на филмот Focus (2015) со Вил Смит. Ѕирни, интересно е.