И мене ми се има случено еднаш или два пати да ме запишат исто како вас за евиденција. Два пати со кола кога ме запреле, и еднаш во град, откако ја паркирав колата. Рекоа дека тоа е само за во извештај и во случај да се случи нешто во таа област во тоа време, извештајот може да послужи како потенцијални личности поврзани со случајот. Така ми објаснија. Бидете без гајле, ништо нема да ви стигне. Тоа им е работа, често пати и нив некој надреден им дава задачи и норми да исполнат. Ништо посебно.
Се надевам дека нема да излезе после ова ништо. Дечко ми таква ситуација имаше пред х време и после 2 години му стигна дека одбил да потпише и покана за суд. Па не би сакала да имам такво изненадување после х време, но времето ќе покаже
Да, понекогаш така прават. Ќе ти речат ајде сега те пуштаме али нареден пат нема. И по некое време ти стига дома дека уствари ти пишале казна.
Не знаев во која тема да прашам, една моја другарка ќе оди Скопје викендов, голем обожавател е на книги, па кое би било најдобро место за купување книги на англиски јазик во Скопје?
Академска Книга * Колку време после известување дека броило е на листа за исклучување ЕВН исклучува струја?
Како да отстранам лепак од прозори засушен 20 години? Прозорите не се пвц, алуминиум би требало да се, не знам, немам кој да прашам во моментов од постарите. Пробав со мека жива, авакс, средство за одмастување на лепакот и со многу мака поголем дел излага, но сепак остануваат дамки од лепакот.