Нацртај во Пеинт (нема да те фати појше од 10 минути) и однеси во било која книжара, ќе ти испринтаат.
Не апарат ама можеш да си купиш вакво ѓезве и еспресо мелено од продавница, поевтино ќе те кошта од апарат
Каде можам да најдам чаршафи со ластик за душеци високи 25cm? Секаде каде што барав, се за пониски душеци..
Пробав, дури пробав и со вонстандардни димензии, не ги бива, плус беа фротир и се направија цели со топчиња.
Не е директно врзано со прашањето, но постојат правила за некои земји дали пристиггнувате преку копно, пловно или воздушно. На пр. тие странски државјани кои доаѓаат во САД како туристи а со пасош за кој не е потребна виза, ако доаѓаат по воздушен пат потребно е пред патувањето да аплицираат преку интернет за ESTA, додека тие кои влегуваат по копнен пат (да речеме со воз од Канада) не треба да аплицираат за истото туку само да пополнат соодветен формулар непосредно пред да ја поминат границата. За разлика од тоа канадските државјани доколку си влегуваат во САД како туристи(посета на роднини, шопинг и сл.) потребен им е само пасош. Од Скопје Сити Мол 3 станици (не ја броиш почетната на ул.Љубљанска) со автобус 15А, се симнуваш и се гледа спортската А1 арена „Б.Трајковски„ и хотелот Александар Палас. Ако одиш од Сити Мол со такси не би требало повеќе да фати од 80-100 ден. За следната (2022 год.) аплицирањето е завршено. За 2023 година ќе биде возможно од октомври до веројатно почетокот на ноември 2021 година. За подетално (ама дури наесен) може да се следи на некоја од странициве: https://travel.state.gov/content/tr...ogram-entry/diversity-visa-submit-entry1.html https://dvprogram.state.gov/
Да, ама пак го пополнуваат истиот документ. Разликата е дали електронски или на лице место. Тука се работи за валидност на еден документ за идентификација кој е меѓународно признат. И излегува дека ако леташ за Белград ти треба пасош со валидност поголема од 6 месеци а ако одиш со кола не ти треба. Малку нема логика.
Каде во Охрид можам да купам убава торта. Да е готова (да не треба да се нарачува). Не ми треба нешто големо, украсено
Баш во чаршија, кај Љушеви, Дела роса се вика слаткарницата, многу мало местенце меѓу продавниците за облека (до мега спорт). Убедливо нема подобри торти во Охрид
Во која тема има коментари околу женското здравје, мислења околу некои симптоми поврзани со женските полово органи, ми треба под итно...