Доказ за работно искуство во Агенција за вработување М1/М2 пријава/одјава тоа ќе бараш со лична карта лично на шалтер од страничниит влез на АВРМ, за лекарско уверение најевтино и веднаш го издаваат во ЈЗУ Железничар кај Гиро Беко во Центар (спроти Рамстор трговскиот, кај паркингот што оди накај слаткарница Малага) тоест позади полициска станица Беко
Има ли барем еден член на форумот или ако некој познава некој што студирал туризам на утмс, сакам да прашам нешто, би ве замолила ако има да ми пише.
Две прашања. Што кога не ми е стигната сметка за Водовод? Дали треба да одам пак преку Вардар ? Јас сум од др град. Ск ќе останувам подолго, дали можам да извадам оттука ИЗВОД ОД МАТИЧНА КНИГА НА РОДЕНИТЕ и за колку време би стасал?
Напрај да ти стига електронска с-ка на мејл https://vodovod-skopje.com.mk/mk-MK/110/ФОРМУЛАР_ЗА_Е-СМЕТКА.aspx
Па нека си ја принтаат. Инаку некогаш знае да залута сметката ич да не стигне во сандаче или со закаснување да стигне. Затоа најдобро електронска с-ка и после да си ја принтате.
Дали некаде во сити мол полнат балони со хелиум и колку пари е од прилика? Или на некое друго место а да не ме изгорат со цената? Имам 9 балони.
Мислам дека е 100 од балон во Сити Мол. Дали за пари пуштени преку Вестерн Унион, аки не се подигнат во одреден период постои шанса да ги вратат?