Ако не ви се брза порачај од на асос, еве ти линк за сите 47 1/3 и 47.5 https://www.asos.com/men/shoes-boot...by product|view all&refine=size_eu:13110,7528
Сакам да прашам. Минатата година во Мај на сестра ми и звонеше некој извесен Дарио, да ја замара. И го знаеше името. Оваа година, сега исто во Мај, после 1 година, и звони истиот број, повторно некој Дарио. Дали некому му се случило истото и дали ова може да се пријави во полиција или ќе биде губење време?
Пријави во телеком/а1 што е проблемот. Вадете листинг на повици и барајте иденрификација. Доколку одбијат, пријавете во полиција. После таа пријава, мораат да го идентификуваат
Ако го знаете бројот е полесно, одете пријавете ама додека се добие налог за добивање информации куп време ќе помине. Знам два случаи за вознемирување што завршиа во фиока ама беа со скриени броеви, во вашиов случај можда ќе направат нешто. И нека проба да ги снима разговорите, не се доказ за на суд ама за во полиција кога ќе кажете дека ја вознемирува ќе ги земат во предвид. @Chimera компанииве не даваат никаква информација освена ако не им е доставен налог, не смеат.
И мене прееска во 10:10 ми ѕвонел истиов број. Со која намера некој ѕвони? И зошто е ваков бројот? +38980078787
Имам Халкбанк картичка со важност на траење до 2023. Вчера сакав да платам во Веро со картичка и ми беше одбиено. Два пати. Заминав до банкомат да извадам пари, само што го пишав пинот ми ја ваѓаше картичката назад. Картичката не е празна, има пари, проверив и на Halk m-bank. Исто така да напоменам дека вчера ми кажуваше дека имам 1000 ден помалку пари на сметка, за разлика од денес, а на извештај не покажува дека имам некаков прилив. Ќе одам во банка во понеделник да видам што се случува, но може некој да ми каже дали му се случило исто/слично и што може уствари ова да биде?
Дали има некој искуство со програмите на Софија Манчева и Марио Јовановски? Се мислам да почнам, па секаков совет би бил добредојден
Ќе треба да ја смениш, чипот не функционира. Истото ми се случи со картичка од НЛБ, за брзо ми направија нова.
Имам упат за на клиничка биохемија. Дали треба претходно да се најавам негде или само така се оди? Дали тоа е во старата интерна клиника?
Дали може две лица да се најават со податоци на едното лице (корисничко име и пасфорд) од два различни уреди (лаптопи) за online состанок?
Здраво, може некој од Скопје да ме упати со кој автобус од рекорд би можела да стигнам до палма (слаткарницата) и дали таму се наога ендомак (стоматолошката ординација) ?
Можеш со 5,15,15а,23,3,3а/б(ако уште постојат), треба да се симнеш карши Палма кај тобако 2(тоа се 2 станици после железничка), а Ендомак се наоѓа позади Палма како што знам.
Детална листа на дојдовни повици не постои. Единствено на појдовни. @Polyincognito Блок на бројот или на непознати броеви, броеви кои не се зачувани во именикот, има доста опции сега на смартфоните. Во полиција само ќе ви кренат раменици, или можеби ќе ви кажат некоја кисела шега за да ве избркаат. Ако те интересира чив е бројот точно јави се во информации можеби има согласност бројчето за споделување на неговите лични податоци, па полесно ќе ви биде вас да дознаете дали е Дарио или е комшијата