Izvinete imam edno prosto prasanje no, nikade ne mozam da najdam kocnica za roleri bi vi bila bladodarna dokolku bi mozele da mi pomognete
Бев денес завршив работа. Е сега ми стои дата на јавување денешната 01.06 а рок на наредно јавување од 01.07 до 29.07 малце не ми е јасно тоа се скоро два месеци. Се вратив да не е грешка да прашам, вика не, така дава системот дури до 29ти јули имаш рок. Што мислиш за ова?
Во тој период можеш да појдеш било кој ден. И ако најдете работа нема врска како се водите во АВРМ дали како активни, пасивни или избришани сеедно, работодавачот може да ве пријави без проблем. Пријавувањето во АВРМ како баратели на работа е чисто мачкање очи демек вие барате работа, а тие као се трудат да ви најдат. Никому никогаш не му ни понудиле, а камоли нашле. Така да, опуштено...
Значи сепак не сум задоцнила, првото јавување ми беше на 28ми април, одоздола под тоа пишуваше следно јавување (28.05-28.06).. А на страната им пишува на секои 30 дена дека треба
Ааа па ете ти си имала рок до 28.06, за џабе паника кренавме. Ако ти беше поминат рокот, немаше да можеш да завршиш работа. Затоа и се зачудив кога прочитав дека си завршила работа, дека не си избришана. Така пишува на 30 дена, односно 1 месечно. Ама даваат плус рок еден месец и зависи кога ќе појдеш може да те фати два месеци дека поминале.
Здраво на сите, дали знаете некое карго од Грчка, од Солун поточно, сакам да си порачам нешто од таму, а немам кој да ми го донесе. Дали некој има искуство до сега, да ја направам порачката со достава на локацијата на каргото и да ми ја испорачаат до МК, дали има начин?
Сите овие ти се 100% природни сокови, без никакви додатоци. Овој првиот ти е 100% цвекло. Овој вториов ти е исто 100% природен. Имаш 4 цвекла и 4 јаболка. Овој третиов на Јаболчело ти е 70% јаболко и 30% цвекло. Имаш и еден во КАМ маркет само што го продаваат, немам слика од него. Тој ти е 70% јаболко, 15% цвекло и 15% морков.
Девојки, можеби не е ок да се поставуваат вакви прашања, ако е така се извинувам. Моја другарка доживеа љубов на прв поглед но не може никако да го најде дечкото. Седевме во еден кафич во порта влае (Скопје) и се утепаа од меркање двајцата, но ние моравме да станеме... Шансите за некој да го познава знам се мали ама ајде да пробам, не го вади од уста. Дечкото беше висок, слаб (тамански), имаше смеѓа коса во реп (што најверојатно му е некаде до раменици кога ке ја пушти), мала брадичка. Седеше со уште двајца другари. Ако некоја познава некој ваков молам да ми пише приватна порака.